Македонија

„Уметноста ја крши тишината“

Настанот, што ќе започне во 21 часот на платото пред Музејот на Македонија претставува поинаков концепт за одбележување на Денот на независноста, насочен кон современиот уметнички израз и идните културни перспективи

По повод 35-годишнината од независноста на Македонија на платото пред Музејот на Македонија во Старата скопска чаршија ќе се одржи мултимедијалниот настан „Уметноста ја крши тишината“, кој ќе обедини музика, поезија, визуелна уметност, перформанс и современа клубска култура.

Настанот, што ќе започне во 21 часот, според организаторите, претставува поинаков концепт за одбележување на Денот на независноста, насочен кон современиот уметнички израз и идните културни перспективи.

Вечерта ќе ја отвори Игор Џамбазов, а во официјалниот дел од програмата ќе настапат Весна Микиќ на харфа, Александра Илиева на саксофон, Јана Стојановска, Мишел Трајковски – „Скопје Виа“, Лаура Карлиу и Никола Перевски – Нокаут.

Посебен акцент во програмата е ставен на културната разновидност и меѓусебното поврзување на заедниците, преку настапите на Јана Стојановска, Мишел Трајковски и Лаура Карлиу, која ќе изведува песни на македонски и албански јазик.

Во рамки на настанот ќе биде отворена и изложба курирана од Антони Мазневски, со дела на Михаил Корубин, Калина Брајковска, Решад Ахмети, Игор Јосифов, Крсто Глигоријадес, Ангел Миов и Синиша Новески.

Програмата ќе биде дополнета и со рецитал на актерката Ана Стојановска.

По официјалниот дел, платото пред Музејот на Македонија ќе се претвори во простор за клубска и електронска музика. Ќе настапат Nino Fluder, заедно со Александра Илиева на саксофон, како и Ampov и Dimchuga од колективот Buru.

Завршниот настап е резервиран за грчката диџејка и радио водителка Myrophora од Солун, членка на NON collective, која настапувала на музички фестивали и културни настани во Грција и регионот. МИА

Најнови вести од: Македонија

Се продолжува кризната состојба за нафтата и нафтените деривати за уште шест месеци

Собранието претходно во два наврати ја продолжи кризната состојба откако беше воведена по случувањата на Блискиот Исток, кои доведоа до блокада на снабдувањето на меѓународните пазари со нафта и нафтени деривати.

(Видео): Евростат потврди дека цената на храната и пијалаците се најниски во регионот, премиерот рече дека сме исправени пред низа предизвици

Според премиерот, Владата изминатиот период работела на консолидирање на инфлацијата и затоа денес државата, особено во третиот квартал, има убедливо најниска стапка на инфлација во регионот и, како што додаде, можеби и во Европа.

To top