Македонија

УПОЗ потврди, вo четврток средба во Владата за преговори за раст на платите

Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски

Синдикатот на УПОЗ потврди дека в четврток во 16.45 часот во Владата ќе седнат на маса за преговори во врска со барањата на Синдикатот за зголемување на платите на вработените во управата и правосудството.

Од Синдикатот на УПОЗ, меѓу другото, посочуваат дека Владата, според нив, веднаш излегла со понуда за зголемување на платите на работниците во управата и правосудството по протестот одржан на 28 јануари.

– Нагласуваме дека вработените имаат право на веќе стекнати права утврдени со колективните договори и новото зголемување на платите ќе значи дополнително материјално право, нешто за што Синдикатот на УПОЗ се залага – стои во соопштението од УПОЗ.

Премиерот Христијан Мицкоски в четврток попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16.45 часот, а доаѓа откога Мицкоски даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.

Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top