Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување за можни излевања и локални поплави

Делови од Македонија влегуваат во нестабилен хидролошки период, откако Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за можни излевања и локални поплави на 26 и 27 ноември

Делови од Македонија влегуваат во нестабилен хидролошки период, откако Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за можни излевања и локални поплави на 26 и 27 ноември. Новите, поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат низ целата територија, а земјиштето веќе е високо заситено со влага – секој дополнителен литар дожд може брзо да го крева водостојот на реките и да предизвика излевања.

Според хидроалармот, речиси цела земја е во зона со потенцијална опасност, при што централниот и источниот дел се најрискантни. Скопје е оценето како стабилно, но неговата околина, заедно со Куманово, Крива Паланка, Кочани, Штип, Берово и Делчево, се во „зелена предупредувачка зона“ – состојбата може нагло да ескалира со обилни врнежи.

Западниот и југозападниот дел (Битола, Прилеп, Ресен, Охрид, Струга) се со помал ризик, но УХМР апелира за внимателно следење на ниските делови покрај реките Вардар, Брегалница, Пчиња, Струмица и Радика, кои најбрзо реагираат на дождовите.

„Речните сливови веќе покажуваат тенденција на зголемување: Вардар, Треска, Радика, Сатеска, Коселска, Пчиња, Струмица и водотеците од Шар Планина. Иако имаше пауза од дожд последните три дена, високата заситеност на земјиштето ќе овозможи побрза реакција“, предупредуваат од Управата.

Во услови на обилни врнежи можни се локални излевања, активирање на помали реки и суводолници, па дури и заезерување поради висок подземен водостој. Граѓаните, особено оние во ниските зони, се повикуваат на зголемена будност.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top