Македонија

Урнебесно: Колумбиецот Јанко што пее македонски песни во дуел со Грци (ВИДЕО)

Македонија не е Грчка

Колумбиецот Јанко што пее македонски песни и неговата група ВардарАнди влегоа во дуел со Грци на интернет.

Јанко ги праша грчките момчиња дали ќе ја препознаат песната што ја пее од кој крај на светот е и почна да пее.

Грците се збунети и не можат да препознаат дека Јанко ја пее песната ,,Велат не нема, ама тука сме” која е ноформална химна на Македонците во Грција.

Откако Грците не можат да препознаат за која држава се работи и велат дека песната е италијанска а Јанко им пее за Македонија еден од Грците вели дека песната е од Северна Македонија.

На тоа Јанко вели дека песната е од Македонија а Гркот вели дека Македонија е грчка.

https://www.facebook.com/watch/?v=702441906136997&rdid=KNGUDC0Lwe180NMx

Најнови вести од: Македонија

Преведувачката Соња Должан од Словенија, добитничката на признанието „Блаже Конески“ од МАНУ: Македонскиот јазик сè помалку звучи македонски, оти не се чува!

Меѓународното признание „Блаже Конески“, кое Македонската академија на науките и уметностите го доделува за придонес во афирмација и промоција на македонскот јазик и култура, денеска и беше врачено на македонистката од Словенија Соња Должан, која повеќе децении е посветена на превод на македонски автори и нивно претставување пред словенечката јавност. „Македонскиот јазик веќе не звучи […]

Бугарија потврди дека добила барање за апсење и испорачување на Ива Михаилова, но нагласува дека може да го одбие тоа, оти „била и бугарска државјанка“!

Бугарските власти засега не презеле активности за утврдување на локацијата на Ива Михаилова, по која Македонија побарала меѓународна потрага со цел апсење и екстрадиција. Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Михаилова е државјанка и на Бугарија и на Македонија, посочувајќи дека меѓународните и домашните правни одредби предвидуваат можност за одбивање екстрадиција на сопствени државјани, […]

Вреди: „Казино-момчето“ Груби излезе од куќен притвор, но не е слободен, уште долго ќе мора да се справува со своите гревови!

„Казино момчето’ Артан Груби излезе од куќен притвор, но е далеку од слободен човек. Каков пазар и да прави, колку и да ги користи старите врски на ДУИ во правосудството, подземните шеми, тој уште долго ќе мора да се справува со неговите гревови додека беше на власт.. Има обвинение и без оглед колку е подготвен Перпарим Бајрами да се жртвува за него, на Артан Груби ќе му виси тежок камен околу вратот.“ – нагласува Вреди во своето соопштение.

ФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за Македонците во Албанија од 19.9.2026

Со оваа резолуција официјално се бара Владата на Република Албанија да ја потпише и да ја ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици, да им овозможи на припадниците на македонското малцинство слободно да се изјаснуваат и да преземе ефективни мерки против какви било надворешни политички притисоци, насочени кон негирање или асимилација на македонскиот идентитет. Покрај тоа, се бара општина Пустец да остане посебна единица на локална самоуправа и во рамките на новата реформа да не претрпи територијални промени, односно да не се спојува со други општини.

Најнови вести

To top