Македонија

Уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери

Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за ваучери за студенти за купување електронски уреди .

Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426.

„Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите на додипломски студии, запишани во учебната 2025/26 година“ стои во соопштението на Министерството.

Рокот за аплицирање од страна на студентите е до 20.12.2025 година, а искористувањето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година.

Најнови вести од: Македонија

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top