Македонија

Уште една класа офицери ќе положи заклетва на Воената академија

Пред присутните ќе се обратат министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Ненад Танески

 

Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, каде што е сместена Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, денеска ќе се одржи свечена промоција на питомците од 26. класа, кои ќе бидат произведени во чин потпоручник, како и на слушателите што успешно го завршиле курсот за офицери и ќе го добијат чинот поручник.

Според најавата од Министерството за одбрана, пред присутните ќе се обратат министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Ненад Танески.

На свеченоста се очекува да присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, министрите Борко Ристовски и Стефан Андоновски, командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини, претставници на воено-дипломатскиот кор од Босна и Херцеговина и Црна Гора, како и претставници на локалната самоуправа и други гости од Министерството за одбрана и Армијата.

Најнови вести од: Македонија

Топлификација пријатно ќе ги изненади корисниците

Од утре, 13 октомври 2026 година, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системите за централно греење во Скопје, со кои управува АД ЕСМ преку ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и Подружница „Енергетика“

И Ива Михаилова замина на „лекување“ во Бугарија

Жителката на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка со смртни последици, ја напуштила земјава заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија, иако во рамки на постапката, како мерка на претпазливост ѝ се одземени личните документи

To top