Македонија

Уште пет фирми за медицински канабис ја изгубија дозволата

Владина седница

На денешната прес-конференција во Владата, портпаролот Марија Митева одговарајќи на новинарски прашања информираше дека на денешната седница Владата разгледала информација и донела одлука за одземање на 6 лиценци за одгледување на канабис.

– Денеска имаше 6 точки од Министерството за здравство и 6 лиценци Владата денес ги одзема. За подетални информации кои се фирмите, ве молам да се обратите до Министерството за здравство каде што и практично е оваа Комисија. Од она што можев да го видам од информацијата која што помина на Владата, станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на Комисијата која што е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат. И да, Владата донесе одлука за одземање на уште 6 лиценци – истакна Митева.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонскиот идентитет повеќе нема да биде распродаван!

Следбенците на живковизмот во Бугарија денеска слават што имаат вакви политичари во Македонија, кои сè уште се активни, како луѓето од опозицискиот СДСМ, кои мислат дека на овој начин ќе привлечат некакво внимание

To top