Македонија

Успешно прво полугодие за НЛБ Банка: Силен раст, одговорно и одржливо работење

НЛБ Банкаја заокружи првата половина од годинава со силен раст кај клучните финансиски индикатори, покажува анализата на резултатите на Банката.Според неревидираните финансиски податоци, НЛБ Банка бележи зголемување на вкупната актива, зголемена кредитна активност и раст на депозитната база, што претставува јасен индикатор за нејзината стратешка посветеност кон долгорочен развој и создавање вредност за клиентите и […]

НЛБ Банкаја заокружи првата половина од годинава со силен раст кај клучните финансиски индикатори, покажува анализата на резултатите на Банката.Според неревидираните финансиски податоци, НЛБ Банка бележи зголемување на вкупната актива, зголемена кредитна активност и раст на депозитната база, што претставува јасен индикатор за нејзината стратешка посветеност кон долгорочен развој и создавање вредност за клиентите и економијата.

Какo резултат на внимателно имплементираната деловна стратегија во сите сегменти од работењето на Банката, континуираните продажни активности, успешното управување со ризици и оперативната ефикасност, во периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 1.610.020 илјади МКД. Засилениот финансиски моментум се рефлектира и кај годишниот раст на вкупната актива од 18,5%, преку зголемување на вкупните кредити кај небанкарскиот сектор од 18,9% и зголемување на вкупните депозити од 17,6%, во однос на истиот период минатата година. Ова ја одразува активната поддршка на НЛБ Банка на деловните субјекти и населението, нејзиниот придонес во развојот на домашната економија, како и довербата која депонентите ѝ ја даваат на Банката.

Следејќи ја својата стратешка определба за општествена одговорност, во споменатиот период, НЛБ Банка поддржа бројни проекти од областа на културата, спортот, образованието и додели донации, одговарајќи на значајни социјални прашања. Со ова, Банката го одржува курсот на одговорно и одржливо банкарство, во согласност со своите, и стратешките определби на НЛБ Групацијата од која е дел.

НЛБ Банка влегува во втората половина од 2025 со стабилни финансиски основи и јасна визија. Позитивните резултати се основа за оптимизам во поглед на идниот развој. Банката останува фокусирана на иновации, дигитална трансформација и понатамошно зајакнување на односите со клиентите, со цел да обезбеди поддршка за раст и напредок во периодот што следува.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top