Македонија

Венко потврди: Екипата од јахтата на Заев ќе биде дел од новото раководство на СДСМ

Новото раководство треба да биде потврдено на денешната седница на Централниот одбор. Во синоќешното интервју за „360 степени“ на МРТ, Филипче рече дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и оти тоа наводно ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе.

Новото раководство треба да биде потврдено на денешната седница на Централниот одбор. Во синоќешното интервју за „360 степени“ на МРТ, Филипче рече дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и оти тоа наводно ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе.

Најави дека позицијата генерален секретар ќе ја задржи Александар Саша Димитријевиќ и дека еден од потпретседателите ќе биде ортопедот кој беше кандидат за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски.

Трајановски беше фотографиран на интимна забава со заев и Филипче, а медиумите објавија дека круцијален доказ дека Зоран Заев сѐ уште ги држи конците во СДСМ е токму поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на партијата од страна на Венко Филипче .

-Да се потсетиме, овие тројца заедно ги поминаа летните денови на скапите плажи во Грција, на скапата јахта на Зоран Заев, уживајќи во парите кои Заев и Филипче ги испокрадоа од државата со што ги осиромашија граѓаните, кои преживуваа со едвај 150 денари на ден. Венко Филипче како верен послушник на Заев, го прави тоа што неговиот ментор ќе му го заповеда, искоментира владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top