Македонија

Верниците од исламска вероисповед го слават празникот Курбан Бајрам

На овој ден верниците со задоволство ја извршуваат божествената обврска на принесување курбан, сведочејќи во пракса дека богатството е дар од Бога и дека тоа не е цел на животот, туку средство за постигнување на неговите цели: верата, грижата за себе, за човекот, за сиракот, за сиромавиот, за знаењето и за човечката благосостојба.

Ова е вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам и трае три дена.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.

Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините.

Курбан Бајрам трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, и го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи упати порака по повод празникот Курбан Бајрам.

„ Со желби Возвишениот Аллах да ги прими нашите жртви, курбани и молитви, наградувајќи нè со Неговата милост и безгранични благодати, денес, со срце и душа, го очекуваме големиот празник Курбан Бајрам, празник што го означува извршувањето на обврската Хаџ, обврската на принесување курбан, како и деновите во кои Светиот Куран беше објавен за да биде упатство за целото човештво и за сите времиња. Во деновите на овој празник, милиони верници, со непоколеблива вера и висока свест, ја извршуваат обврската Хаџ за да го исполнат петтиот столб на исламот, сведочејќи во пракса за силата на верата и нивната посветеност кон Возвишениот Господ со зборовите: „Ти се одѕиваме, Господару наш, Ти се одѕиваме!“ Навистина, денес во благословената Каба, во долината Арафат и на другите свети места, верниците сведочат дека нивната цел е љубовта кон Аллах, кон самите себе и кон човекот. Во благословената Каба тие ја примаат пораката дека човештвото потекнува од еден маж и една жена, што ја подига свеста за еднаквоста во сите сфери на животот, за побожноста, почитта, човечноста и развојот во служба на човекот – вели Фетаи во честитката.

На овој голем ден, како што посочува, верниците со задоволство ја извршуваат божествената обврска на принесување курбан, сведочејќи во пракса дека богатството е дар од Бога и дека тоа не е цел на животот, туку средство за постигнување на неговите цели: верата, грижата за себе, за човекот, за сиракот, за сиромавиот, за знаењето и за човечката благосостојба.

„Ова го потврдува големиот исламски принцип дека нема големи дела без големи жртви и дека доброто се постигнува со жртвување дури и на најмилото што човекот го поседува. Затоа, празникот Курбан Бајрам, преку курбанот, гради конструктивна, умерена и мудра личност, посветена на доброто, солидарна, мирољубива и во секој момент внимателна за општото добро – потенцира Фетаи.

Тој во честитката вели дека овој празник го прави верникот свесен да ги оттурне од себе омразата, љубомората, агресивноста, потценувањето, дискриминацијата и поделбите.

-Тој симболизира висока свест за Создателот, грижа за здравото семејство, блискост меѓу луѓето, мудрост во постапките, љубов кон блиските, родителите и семејството, зацврстување на меѓучовечките врски, избегнување конфликти меѓу државите и народите, како и ширење мир, толеранција и солидарност за издигнување на поединецот, семејството и општеството во целина. По повод овој голем празник, ја користам оваа прилика, во име на Исламска верска заедница на РСМ и во мое лично име, да ви ги упатам најискрените и најсрдечните честитки до сите верници, нашите семејства, како и до нашите сонародници каде и да живеат. Честит Курбан Бајрам!,  истакнува Фетаи во честитката.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top