Македонија

(Видео): Државата почна да наликува на Лас Вегас, со законот за игри на среќа се става ред, вели премиерот

На секој чекор гледавме дуќани во кои со силни светлечки реклами се рекламира овој тип на среќа, пред се, мислам на казината и коцкањето и некако како правило до нив веднаш имате канцеларија за брзи кредити, па веднаш до нив имате заложувалница. Тоа е некако еден систем, којшто мораме да го регулираме и претставува систем којшто е за жал причина за многу семејни и човечки несреќи. Со овој закон се регулира оваа дејност, вели Мицкоски.

Со новиот закон за игри на среќа се става ред и дисциплина, вели премиерот Христијан Мицкоски, кој ги негираше критиките дека се остава простор за нелегално организирање на игри на среќа , како и дека ќе се изгубат работни места. Според Мицкоски власта е свесна за последиците и фискалниот ефект, но не остапува од предложеното законско решение.

  • „Имаме чувство дека државата полека но сигурно наликуваше на Лас Вегас. Буквално на секој чекор гледавме дуќани во кои со силни светлечки реклами се рекламира овој тип на среќа, пред се, мислам на казината и коцкањето и некако како правило до нив веднаш имате канцеларија за брзи кредити, па веднаш до нив имате заложувалница. Тоа е некако еден систем, којшто мораме да го регулираме и претставува систем којшто е за жал причина за многу семејни и човечки несреќи. Со овој закон се регулира оваа дејност. Повеќе нема да има таков тип на реклами коишто привлекуваат внимание. Во некои места дури цели маала имаше по неколку казина такви“, кажа Мицкоски.

Мицкоски ги негира и обвинувањата на Асоцијацијата на игри на среќа дека законот се носи нетранспаретно. Според него, сите засегнати имале можност да учествуваат со свои предлози.

  • „Мислам дека законот беше донесен ултратранспаретно. Беа повикани буквално сите засегнати страни да учествуваат во неговата изработка. Нормално е дека ние не можеме да се усогласиме 100 проценти со оние што се дел од тој бизнис во моментот бидејќи тие имаат свој интерес. Ние го штитиме интересот на државата и граѓаните. Не мислам дека ќе има нелегални приредувања на игри на среќа и не мислам дека ќе се изгубат работни места. Едноставно се става дисциплина и поинаков лик, поинаква перцепција ќе имаат македонските градови“, додаде Мицкоски.

Во новото законско решение кое го предлага Владата, се предвидува сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа како казина, автомат-клубови и електронски игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта, а во обложувачниците кои се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта нема да биде дозволено поставување електронски видеолотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа.

 

Најнови вести од: Македонија

Андреевски: Обвинителството да ги истражи Извештајот на ДЗР за ПОЦ за незаконитостите, сите сомнежи за грабеж и бесрамно пљачкосување на парите на центарци!

Извештајот на ДЗР за ПОЦ е полн со еден куп нерегуларности и сомнежи за криминал, овој документ заслужува посебна седница, нешто што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го побара. Сакајќи да избегне соочување со фактите пред очите на центарци, градоначалникот Герасимовски се обидува на нетранспарентен начин да ја протне расправата за оваа тема, на седница преполна со други точки, само за да пренасочи вниманието од оваа финансиска афера од невидени размери, објави Горан Андреевски, координатор на советничка групата на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Мицкоски: До крајот на оваа седмица технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната, откако целосно ќе се испере системот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика.

Најнови вести

To top