Македонија

(ВИДЕО) Филипче и постави прашање на новинарка, зажали откако го чу контрапрашањето

Лидерот на СДСМ се обиде да излезе мудар но доби ,,заушка”

Лидерот на СДСМ Венко Филипче направи стратешка грешка и во интервју за Сител се обиде да биде уредник на емисијата во која гостуваше.

Иако беше дојден да одговара на прашања Филипче се опушти и ѝ постави прашање на новинарката уредничка Славица Арсова но зажали откако го чу контрапрашањето.

Во обид да поентира и да докаже дека ВМРО-ДПМНЕ лошо ја води владата и нема успеси во првата година од мандатот Филипче на конфузен начин ја праша Арсова по што ќе биде позната владата на Мицкоски за првата година ако утре заврши нејзиниот мандат.

Арсова која е таа што прашува и не треба да одговара за владата на ВМРО-ДПМНЕ на Филипче му постави контрапрашање од кое лидери на СДСМ се збуни и не даде одговор на прашањето на Арсова.

Овој дел од интервјуто

https://x.com/john_priest_mk/status/1962099530763006161?t=PM0YwLwtlHMnSxAatxVukA&s=19

Целото интервју со одговорот од Филипче

Најнови вести од: Македонија

Алиу: Пациентите со ретки болести нема да чекаат ниту ден

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави значајна промена во постапката за обезбедување лекови за пациенти со ретки болести – за првпат во државата ќе се отвори тендерска постапка за три години, наместо годишно.

To top