Македонија

(ВИДЕО) Граѓани бараат спас од премиерот за комшија кој им се заканува, фрла ножеви и прска со непозната течност

Последна надеж на луѓето малтретирани од Хасан Синани е премиерот Христијан Мицкоски

Повеќе граѓани од скопската населба Ченто бараат помош од премиерот Мицкоски за маките со комшија кој им се заканува, фрла ножеви и прска со непозната течност.

Сторијата која ја истражува ПорталХ открива дека лицето Синан Хасани е недофатливо за законот иако има пријави од повеќе граѓани на кои меѓу другото им се заканува дека ќе ги исели.

Последна надеж за спас на граѓаните од улицата Финска во скопската населба Ченто од лицето Хасан Синани  е премиерот кој добро го познава овој крај на Скопје каде што како дете често доаѓал кај својата баба и дедо.

Видеото од сторијата на Фуркан Салиу е на овој линк

https://www.facebook.com/share/v/18PtdsXFBN/

https://www.facebook.com/share/v/1JSDLHNsCi/

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top