Македонија

(Видео): Јас нема да оперирам срце, ќе креирам систем за лекарите да работат, рече новиот министер за здравство

Креирање систем за да може лекарите да ја вршат својата работа, а пациентите да имаат квалитетна услуга, најави новиот министер за здравство Азир Алиу, како и решавање на наталожените проблеми од изминатите години, проблеми што биле оставени, одложувани или вложени секогаш на сметка на пациентите. Тој вели дека без разлика што не е лекар, може […]

Креирање систем за да може лекарите да ја вршат својата работа, а пациентите да имаат квалитетна услуга, најави новиот министер за здравство Азир Алиу, како и решавање на наталожените проблеми од изминатите години, проблеми што биле оставени, одложувани или вложени секогаш на сметка на пациентите. Тој вели дека без разлика што не е лекар, може да придонесе во развој на здравствениот систем, затоа што „јас нема да оперирам срце, туку ќе креирам систем во кој лекарите ќе можат да прават операција на срце“, со соодветни материјали, апаратура и простории.

Алиу најави стабилен, политички независен здравствен систем.

Тоа ќе се направи преку пет столбови:

1. Стратешко планирање преку национална мапа на здравствени потреби. Прв пат ќе изградиме цела мапа по региони и општини, која ќе покаже каде недостигаат лекари, опрема, кадар или функционални центри. Одлуките за инвестиција ќе се базираат на потребите.

2. Транспарентност и отчетност во здравствените услуги, преку платформа за следење на перформансите на здравствените услуги. Повеќе нема да има бројки што се кријат во фиоки.

3.Професионален развој и зајакнување на човечките ресурси. Обучување на лекарите и медицинските сестри. Јасно раздвојување од здравствените и менаџерските услуги.

4. Одржливо финансирање и превенција. Болниците ќе бидат финансирани според бројот на пациенти и нивната ефикасност. Најави национална програма „Порано подобро – превенцијата започнува со тебе“. Секој граѓанин над 40 години ќе има право на бесплатни прегледи за рано откривање дијабетес, кардиоваскуларни заболувања , хипертензија и други.

5. Дигитализација – која подразбира и поврзување со ЕУ здравствениот систем.

Најави дека овие денови ќе бидат во Кочани за реално да ги согледаат проблемите што ги имаат пациентите од пожарот во дискотеката „Пулс“ и нивните семејства, а утре тој ќе има средба со директорката на болницата.

  • Немаме работни групи за менаџирање со кризни ситуации. За еден месец ќе имаме работни групи за сите несреќи што може да ни се случат, без разлика дали се од човечки фактор или од природни непогоди – најави Алиу.

Алиу се сретнал со сите директори на клиниките, а потоа и со директорите на другите клиники, а сите се пожалиле дека немаат кадар. Најави дека во следниот период ќе се бара решение за продолжување на договорите на оние кои реално работат таму. Процес што е подолг, а потоа ќе се вработуваат и други, потребни кадри.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

Николоски: ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на „Македонијапат“, таму има мафија на адвокати, проценители, вештаци!

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, и кривичната пријава, која тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое претпријатието го има заглавено во долгови од 34 милиони евра.

Мицкоски: Ако побара опозицијата предвремени избори, ќе има, но пак ќе ги победиме!

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење

Најнови вести

To top