Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

Македонскиот авиосообраќај бележи значителен раст, а бројот на патници кои ги користат Скопскиот и Охридскиот аеродром за само две години е двојно зголемен. Од околу два милиони патници годишно, колку што опслужуваа двата аеродроми во периодот кога беше избрана оваа Влада, годинава се очекува бројката да надмине или да биде блиску четири милиони, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

  • Кога ние бевме избрани, пред само две години, некаде околу два милиони патници имаа двата аеродроми, оваа година ќе поминеме ќетири. Тоа е резултат на една исклучително мудра политика која што ја водиме, не само на субвенционирање, туку на генерално на начин на работа на двата аеродроми. Се вложи многу, во моментов многу вложуваме на охридскиот аеродром, за многу брзо време ќе има многу убави вести. Така што, ако нешто ми дава уште поголема мотивација да работам, тоа е развојот на авио сообраќајот, посочи Николоски во гостување на ТВ Сител.

Тој нагласи дека растот на авиосообраќајот е еден од факторите што дополнително го мотивираат во неговата работа, додавајќи дека начинот на управување со аеродромите бил препознаен и од Европската организација за безбедност на воздушната навигација (Евроконтрол).

Токму во Скопје неодамна бил одржан регионален состанок на Евроконтрол за Југоисточна Европа.

Најнови вести од: Македонија

Дали сведочењето на Али Ахмети послужило како основа за подигнување на обвинението против раководството на ОВК од страна на Специјалниот суд во Хаг?

ДУИ се обидува да извлече евтини политички поени од хашките пресуди за Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими

To top