Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

За реализацијата на настаните за прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, трошокот за овие настани не ги чини граѓаните и ова е лесно проверлива информација – рече на прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева. Станува збор, дополни таа, за средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година, а не средства кои се земени од Буџетот за да се финансира прославата.

Согласно заклучокот од 167 седница на Владата со кој се утврдиле конкретните активнисти кои треба да се реализираат во рамки на прославата по повод 35 години независност, како што рече, на Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Портпаролката на Владата оцени дека со прославата се покажало дека државава може да организира настани од светски размери, граѓаните да имаат можност да ги следат да бидат дел од нив во својата држава.

Давид Гета, посочи, беше еден сегмент од целата прослава и кулминација на програмата, а не замена за македонската култура и македонските уметници.

  • Приближно 95 проценти од целокупната програма беа македонски изведувачи, македонски сценски содржини, со што практично покажавме дека домашната музичка, сценска и театарска сцена има капацитет да организира и реализира содржини на ниво кое што може да биде споредувано со најголемите интернационални продукции. Сметам дека тоа е една од најзначајните пораки затоа што целта не беше само да донесеме светски имиња во Македонија, туку да покажеме и дека македонските уметници заслужуваат голема сцена, голема публика и сериозна продукциска поддршка – рече Митева.

Директорот на АД „Државна лотарија“ Алкесандар Климовски објасни дека „Државна лотарија“ е посебен правен ентитет, во кој државата е основач, Владата е единствен акционер во Собранието на акционери, и еден од врховните органи во самата компанија. Владата работи според Законот за Влада, но во случајов се јавува како акционер и функционира според Законот за трговски друштва.

  • Ова спонзорство е дадено според Законот за спонзорства и донации, а не по Законот за јавни набавки. Имено, станува збор за средства од 300 милиони денари, коишто беа на ставката нераспределеан добивка и беа компаниски пари. Значи, тие се пари на самата коомпанија, а компанијта е спосебен правен субјект, издвоен од субјетивитетот на владата. Значи, тие пари не се буџетски пари. Буџетски пари стануваат во оној момент кога друштвото таа нераспределена добивка ќе ја утврди во финансиските извештаи како дивиденда и ќе дадат налог да се уплати на трезорската сметка. Дури во тој момент добиваат статус на буџетски пари. Дотогаш тие се корпоративни пари – рече директорот Климовски.

Тој додаде дека за дополнителна транспарентност, биле запазени сите процедури, дури и тие што не ги бара Законот за спонзорства. Тој повтори дека Владата донела одлука да се употреби нераспределената добивка за спонзорирање на овој настан, со точни напатствија како да се постапи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top