Македонија

Видео на денот: Колумбиецот Јанко „едуцира“ Бугарин со македонска песна

По Грците, вљубеникот во Македонија својата мисија во одбрана на македонскиот идентитет ја проширува кај источниот сосед

Музичарот Јанко Пенафорт од Колумбија продолжува со својата „едукативна“ мисија меѓу соседите на Македонија, префрлувајќи се од Грци на – Бугари.

„Ќе го препознае ли Бугарин македонскиот јазик во македонската песна ‘Севдо’ во изведба на колумбиски бенд“, прашува вљубеникот во македонската музика и воопшто во Македонија во објава на својата Фејсбук-група „Колумбиец Јанко пее на македонски – музичка група ‘ВардарАнди’“.

Најновата доза македонштина од Јанко на линкот.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

To top