Македонија

(ВИДЕО) Опсада кај „Охис“: Полициски конвои влегоа во фабриката по запленувањето на 5 тони марихуана

Големата полициска акција поврзана со петте тони марихуана запленети минатата недела во Србија и натаму е во тек, а фокусот на истрагата е насочен кон мрежа на компании и објекти во Скопје и Струмица, кои, според сомнежите, се поврзани со нелегалниот извоз на дрогата од македонска територија.   Попладнево, под силно полициско обезбедување, десетина комби-возила, […]

фото 360 степени

Големата полициска акција поврзана со петте тони марихуана запленети минатата недела во Србија и натаму е во тек, а фокусот на истрагата е насочен кон мрежа на компании и објекти во Скопје и Струмица, кои, според сомнежите, се поврзани со нелегалниот извоз на дрогата од македонска територија.

 

Попладнево, под силно полициско обезбедување, десетина комби-возила, пет до шест камиони и повеќе полициски возила влегоа во кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје, каде што од синоќа се спроведуваат интензивни претреси. Пристапот до локацијата е целосно оневозможен, а просторот е затворен за јавноста, пренесува Плус инфо.

Како што дознаваме, предмет на претрес е фирмата „Алфафарм“, сместена во кругот на ОХИС, која е поврзана со случајот со запленетата марихуана во Србија. Во рамки на акцијата бил уапсен еден од нејзините ко-сопственици, додека друг, според неофицијални информации, се наоѓа во бегство. Еден од сопствениците, пак, бил приведен уште во рамки на полициската акција во Србија.

Фирмата „Алфафарм“ е формирана во 2023 година, а лиценца за одгледување канабис за медицински цели добила во март 2024 година. Под лупа на истражните органи се и други правни субјекти кои поседуваат дозволи за одгледување медицински канабис.

Паралелно со акцијата во Скопје, се вршат претреси и на повеќе локации во Струмица и Струмичко. Акцијата е координирана од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК).

Српската полиција минатата недела заплени околу пет тони марихуана во близина на Крушевац, а српските медиуми објавија дека дрогата потекнува од Македонија. По ова, македонското Јавно обвинителство во понеделникот информираше дека е оформен предмет и дека се преземаат дејствија за утврдување на сите факти и околности за евентуалната поврзаност на македонски државјани и компании со овој случај, пишува порталот.

 

Случај „5 тони дрога“: Полицијата интензивно работи, ќе се запленат десетици тони дрога

Најнови вести од: Македонија

Јаневска: За возачка дозвола е доволно основно образование, државата им нуди можности на Ромите

Министереката денеска изјави дека на образованието на Ромите се посветува сериозно внимание со проектот „Деценија на Ромите“ и со други посебни проекти на МОН наменети за ромската етничка задница

Не може за едни 400, а за други 1.400 денари – Град Скопје става крај на повластените цени за паркинг

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави воспоставување на целосна дисциплина во секторот паркирање. Клучната новина е укинувањето на долгогодишната неправда каде администрацијата уживаше бенефиции на сметка на обичниот граѓанин.

Скапо или евтино е скијање во Австрија?! Македонец сподели искуство на социјалните мрежи

Додека голем број граѓани одлучија зимава да отпатуваат во ски центрите во регионот, како Копаоник и Банско, инфлуенсерот Стефан Спирковски замина во Австрија а за своите следбеници на Инстаграм сподели кратко видео во кое даде детален опис, колку навистина чини едно вакво уживање.

To top