Македонија

(Видео): Основната потрошувачка кошничка во Македонија е најевтина во Европа, рече премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека најновите податоци на Евростат, според кои основната потрошувачка кошничка во Македонија е најевтина во Европа, ги демантираат критиките дека државата не бележи напредок.

Free public domain CC0 photo.

Основната потрошувачка кошничка во Македонија е најевтина во Европа, покажуваат најновите податоци на Евростат. И покрај тоа, премиерот Христијан Мицкоски рече дека следуваат нови мерки за цените. Намалувањето на цените на храната останува еден од најважните приоритети на Владата, за што премиерот лично работи на анализа на производите кои влегуваат во пресметка на потрошувачката кошничка.

Тој нагласи дека намалувањето на цените на основните прехранбени производи останува еден од неговите најважни приоритети и дека лично работи на анализа на производите кои влегуваат во пресметката на потрошувачката кошничка.

  • Евростат објави дека основната потрошувачка кошничка во Македонија е убедливо најевтина во Европа и изнесува околу 49,7 проценти од европскиот просек. Дали е тоа доволно? Не е. Но, овие податоци ги демантираат сите кои не сакаат Македонија да успее – изјави Мицкоски.

Тој посочи дека Владата детално ги анализира околу 600 до 700 производи што се вклучени во статистичките пресметки, со цел да се утврди каде има простор за дополнително намалување на цените.

  • Ако треба, ќе анализираме фактура по фактура и производ по производ. Ова е темелна операција што лично ја водам и очекувам наскоро да даде конкретни резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните – рече премиерот.

Владата детално анализира околу 600 до 700 производи што се вклучени во статистичките пресметки, за да се утврди каде има простор за дополнително намалување на цените. Дека состојбата се стабилизира потврдува и стопанството. Од Сојузот на стопански комори велат дека постојано ги следат случувањата на Блискиот Исток, и тоа ќе придонесе за ублажување на ценовниот притисок.

Претходно, Мицкоски одржа средба со претставници на најголемите синџири на маркети, по која соопшти дека целта е годишната стапка на раст на цените на храната во јули да биде под три проценти. Од Владата најавија и разговори со производителите и дистрибутерите за дополнително намалување на ценовниот притисок. Пазарната инспекција ќе спроведе компаративна анализа на цените, споредувајќи ги цените кај добавувачите со оние во маркетите за ист производ, за мај 2026 година во однос на мај 2025 година.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

На припадниците на Армијата им оддаде признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните.

Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и три милиона преноќувања заклучно со август

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна премиерот, коментирајќи ги податоците на ДЗС за растот на туризмот.

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

To top