Македонија

(Видео): Пукна водоводна цевка во Скопје, делови од градот без вода за пиење

ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ соопшти дека поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600 мм на улица Франце Прешерн 100Д во населбата Влае, голем дел од градот е без вода, а останатите делови имаат намален притисок.

Голем дефект во главниот град. Една од главните водоводни цевки вечерва пукна во населбата Влае. Порталот „24info.mk“, објави видео на кое се гледа дека е поплавена цела улица, а како што јавува порталот, водата навлегува во дворови и во подруми од куќи.

Нема официјална информација за големината на дефектот, ниту за колку време би бил саниран.

Во меѓувреме, жители јавуваат дека нема вода во Хром, Ѓорче, Влае, Карпош… додека во Центар и Аеродром значително е намален притисокот.

Во моментов нема официјална информација за големината на дефектот, ниту за колку време би бил саниран.

https://www.facebook.com/watch/?v=816791597516212

Најнови вести од: Македонија

Градоначалникот на Кавадарци Јанчев најави повторно активирање на поранешно „Фени“

„Компанијата Голден игл’ – поранешно ‘Фени’, во првата фаза ќе врати на работа 170 работници. Потоа ќе следи втора фаза со вклучување дополнителни 500 лица.“ – објави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на фејсбук. 

Јаневска: Не е добро да функционираат училишта со по неколку ученици

Во многу општини во државата има прекумерен број на наставници, односно работат со паралелки од неколку ученици и затоа блок дотациите кои ги исплаќаме за основното и средното образование во најголем дел се трошат за исплата на плати на наставниците

To top