Македонија Хроника

(Видео) Загрозени куќи од пожарот во Визбегово

Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувна пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи, информираат од ЦУК. -Од таму велат дека по барање на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш побарана е воздушна поддршка […]

Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувна пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи, информираат од ЦУК.

-Од таму велат дека по барање на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш побарана е воздушна поддршка за справување со пожарот. Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш го процесуираше барањето до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со цел побрза и поефикасна интервенција на терен. Укажано му е на градоначалникот на Шуто Оризари доколку се процени дека има потреба да пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон, велат од ЦУК.

Во моментов се интервенира од страна на екипи на БППЗ на Град Скопје.

 

Најнови вести од: Македонија Хроника

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top