Македонија

„Вие ми дадовте можност 7 месеци да го гушкам и да си кажеме се“ Сопругата на Панчо и се заблагодари на болницата „Аџибадем Систина“

Маја Блажева, сопругата на популарниот македонски музичар Владимир Блажев Панчо, кој почина вчера по долга борба со повредите од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, трогателно им се заблагодари на лекарите и персоналот од приватната болница Систина, кои цели седум месеци се бореа за неговиот живот.

Маја Блажева, сопругата на популарниот македонски музичар Владимир Блажев Панчо, кој почина вчера по долга борба со повредите од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, трогателно им се заблагодари на лекарите и персоналот од приватната болница Систина, кои цели седум месеци се бореа за неговиот живот.

„Вие бевте тие кои ми дадовте седум месеци можност да се гушкам и зборам сѐ што не си кажавме цел живот. Ви благодарам за секоја секунда посветена од сите вас како болница која ми станавте и втор дом изминатиов период. Нема зборови и нема утеха, а знам дека сте и вие скршени од болка“, напиша Маја Блажева на социјалната мрежа Фејсбук.

Таа претходно трогателно се прости и од својот сакан Панчо, со кого беа во брак од 2013 година, и со кого има два синови Андреја и Марјан.

„Не се договоривме вака, душо моја, љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион делови“, напиша Маја.

Од лидерот на групата ДНК со објава на Фејсбук се прости и болницата Систина, каде тој се лекуваше.

„Почивај во мир, драг наш Панчо. Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета… Нема зборови за утеха за твоите два ангела Марјан и Андреја и за твојата Маја… Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри, болничари кои беа 24 часа со тебе … Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство се боревме и верувавме“, напишаа од болницата.

Панчо е уште една жртва во кочанската трагедија. Од групата „ДНК“ која заедно со Андреј ја предводеа, преживеани се само два члена, придружната вокалистка Ана Костадиновска и младиот гитарист Горан Тонев.

Јавното обвинителство потврди дека ќе издаде наредба за обдукција на телото на Блажев.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

Нова трагедија со паѓање од балкон овојпат на 10-годишно дете во Тетово

„Денеска, на 3.03.2026 година околу 9 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово. Животот го изгубило по паѓањето од балконот.“ – соопшти денес тетовска полиција.

To top