Македонија

Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Британија

В четврток ќе биде потпишан договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој информира дека веќе е примена и покана од британската влада, а Владата денеска го усвоила договорот и го утврдила составот на делегацијата за потпишување. Во составот на тимот за потпишување на договорот […]

В четврток ќе биде потпишан договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој информира дека веќе е примена и покана од британската влада, а Владата денеска го усвоила договорот и го утврдила составот на делегацијата за потпишување.

Во составот на тимот за потпишување на договорот покрај Николоски ќе бидат и министерите за животна средина Изет Меџити, за образование Весна Јаневска, како и директорот на Железници инфраструктура Синиша Ивановски.

Делегацијата ќе има дводневна посета на која ќе оствари повеќе средби.

– Владата на Обединетото Кралство става на располагање 6 милијарди евра за реализација на проекти во Македонија. Ова ќе биде проектно финансирање и исклучиво со реализација на проекти. Влегуваме во партнерство со ОК, клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападна држава која ги почитува евроатлантските вредности. Целта на договорот е да воспостави партнерство за реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација – рече на прес-конференција во Владата вицепремиерот Николоски.

Тој информира дека соработката ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и националните политики на двете земји, а покрај веќе објавените проекти во инфраструктурата и здравството ќе се разменуваат знаења и практики во повеќе области.

Николоски најави дека владината делегација во Лондон ќе има средби и со министрите за внатрешни работи и за одбрана на Обединетото Кралство, како и со раководството на „Рајан ер“ од која, како што рече, очекува да произлезат и нови летови кон Скопје.

Договорот потоа ќе биде ратификуван во собранието, по што ќе почне финансирањето на проектите, кои како што рече Николоски, веќе се подготвени.

– Условите за враќање и каматните стапки ќе бидат поповолни од било кое задолжување на земјава во странство – рече Николоски.

Тој рече дека средствата се неограничено важење, а договорот Влада-Влада ќе важи 10 години.

Првичната рамка е од 2,2 милијарди евра. Пругаата Табановце-Гевгелија ќе чини околу 2 милијарди евра, додека останатите 5 проекти во здравството и образованието ќе чинат 200 милиони евра.

Николоски појасни дека грејс периодот е врзан со завршување на проектот, односно грејс периодот почнува со завршување на проектот. Можно е да се движи каматната стапка под стапката на инфлација.

Најнови вести од: Македонија

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

Мицкоски: Македонија ги брани државните интереси достоинствено и со аргументи

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави, оцени премиерот

To top