Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со 82 советнички места повеќе, а СДСМ 166 советници помалку од минатите локални

Со освоените 550 советнички места низ целата држава и градот Скопје, како и освоени над 300 илјади гласови, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека ја има довербата од народот

Со освоените 550 советнички места низ целата држава и градот Скопје, како и освоени над 300 илјади гласови, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека ја има довербата од народот.

Од владејачката партија изтакнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има раст од 82 советнички места, или во проценти 17,5%.

Од другата страна, опозицијата предводена од СДС, освои околу 230 советника, што е за 166 советници помалку од минатите избори или пак во проценти, за 42% помалку места во советите.

„СДС има и енормно намалување и на гласовите, со тоа што освои околу 126.000 гласови, што е за 111.000 гласови помалку од локалните избори 2021 година.

Големиот број на реализирани проекти, градинки, училишта, здравствени домови, пазари, изградба на атмосферска, фекална и канализациона мрежа, голем број на субвенции за инвертер клими, велосипеди, електрични тротинети, финансиска поддршка за социјално ранливите категории, како и други мерки кои ги имаа преземено локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ, се покажаа како одлични за граѓаните, кои повторно во голем број го дадоа својот глас за бројот 9.

Ова е одличен стимул за ВМРО-ДПМНЕ, дека сме на прав пат и дека треба да продолжиме онаму каде што сме застанале, со работа за нашите граѓани“, се вели во денешното партиско соопштение..

Оттаму додаваат дека е многу важно, на 2 ноември, повторно граѓаните да излезат масовно и да го заокружат бројот 9, и да го направат вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top