Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако ниските плати се причина да судат неетички – нека си одат

Очекувавме нешто посериозно и потемелно, а тие самите си кажаа што е причината што вака работат

Мислевме дека ќе прочитаме нешто повеќе посериозно и потемелно, кога тие гледаме самите си кажаа што е причината што вака работат. Ниските плати, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на тврдењата на обвинителите дека во споредба со сите земји во регионот и пошироко, и по процент и по вкупен износ на средства, земјата е на дното во однос на буџетските распределби за оваа намена.

Со тоа, се вели во соопштението, во нивната совест си ги оправдуваат погрешите одлуки и постапки, веројатно дел од нив од истите причини и земаат мито, па тоа го оправдуваат со крајно нечовечната и неетичка позиција „ниски ни се платите”.

„Чест на исклучоците во таа професија кои се уште се повеќе од расипаните зрна во амбарот, но овие реакции од денес се запрепастувачки и крајно загрижувачки и ако ниските плати им се причина да судат неетички и да прават пактови со бандити и криминалци и корумпирани политичари и мафијаши тогаш имаме еден предлог до нив.

Нека си одат веднаш. На нивно место ќе дојдат луѓе кои си ја сакаат државата и сакаат да воведат ред, дури и за плати од 1.500 до 2.000 евра какви што примаат судиите денес.

Вакво понижувачко, нелогично и промашено соопштение, дури ни СДС не може да смисли.

Секако повторуваме чест на многуте исклучоци во таа професија кои се срамат од своите колеги и кои си ја сакаат државата“ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top