Македонија

ВМРО ДПМНЕ – Албанија официјално е регистрирана, заради обединување на сите Македонци во оваа земја

„ВМРО ДПМНЕ – Албанија е дом за сите, кои ја носат Македонија во своето срце!“ – порачува преку општествената мрежа претседателката на новата политичка организација на Македонците во Албанија Елена Симонофски.

Партијата ВМРО ДПМНЕ – Албанија и официјално преку судот е регистрирана во Република Албанија. Ваквата вест преку фејсбук ја соопшти претседателката на ВМРО-ДПМНЕ за Република Албанија Елена Симонофски. Како што нагласува таа во својата објава, целта е да се обединат сите Македонци во Република Албанија

„Драги пријатели, со голема радост сакам да ви соопштам прекрасна вест! ВМРО ДПМНЕ – Албанија официјално е регистрирана во Судот на Република Албанија! Ова не е само формалност, туку е нов почеток! Организацијата се создаде со возвишена цел: да ги обедини сите Македонци во Албанија, без разлика на местото, улогата или политичката припадност. Дојде времето да зборуваме заедно, да дејствуваме гласно и да се избориме организирано за нашите права, идентитет и подобра иднина. ВМРО ДПМНЕ – Албанија е дом за сите, кои ја носат Македонија во своето срце. Заедно сме посилни, заедно сме Македонија!“ – пишува во својата објава претседателката на ВМРО ДПМНЕ за Република Албанија Елена Симонофски.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top