Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Коцевски се срами кога го бранат СДСМ и ДУИ?

Тој е дискредитиран, довербата во правосудството е помалку од 2 проценти, бидејќи републичкиот обвинител не отвoра предмети, не гони криминал и чува предмети во фиока

 

Коцевски е делегитимиран и од Собранието. Со негласањето на интерпелацијата од страна на СДС се докажа само меѓусебната заштита, помеѓу тие кои го поставија од Струмица и Мала Речица и потребата од негово опстојување на функцијата за да ги штити од одговорност пред правдата функционерите од СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со што толку се задолжи Коцевски кај СДС и ДУИ што и покрај тоа што е делегитимиран не поднесува оставка и останува на позицијата?

Дали Коцевски се срами кога го бранат СДС и ДУИ?

Дали на Коцевски повеќе му значат лукративните цели и личната корист од владеењето на правото и правдата во државата?

Импресивно е како Коцевски балансира помеѓу улогата обвинител и верен потрчко на Заев и Филипче. Очигледно правдата е на одмор, а срамот кај Коцевски е тотално отсутен“.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека републичкиот обвинител Коцевски не превзема мерки и не постапува по значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција, поради тоа треба да ја прими пораката од народот и Собранието и да си даде оставка.

„Коцевски да не ги држи во заложништво владеење на правото и правдата во државата и да си поднесе оставка.

На Македонија и се неопходни реформи и целосна трансформација на правосудството“, порачуваат од владејачката партија.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top