Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и СДС ѝ нудат на Софија уставни измени на брза лента! – Продавајќи „приказни за Европа“, исполнуваат странски агенди!

Филипче без сопирачки ѝ се додворува на Софија и нуди уставни измени на брза лента, подготвен е со СДС за национални отстапки. Венко Филипче е без грбник и со секоја своја изјава докажува дека за него и СДС не постојат никакви „црвени линии“ кога станува збор за националните интереси, реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија истакнува: Изминатиот период Филипче постојано се обидуваше да ѝ се доближи на Бугарија, ѝ се додворуваше преку давање изјави во јавноста, кои се спротивни на официјалните ставови на Софија, а во врска со македонскиот идентитет. Вчера, по половина час откако се формира новата бугарска влада, Филипче не издржа и истрча прв да честита со објава на социјалните мрежи, во која за сопствената држава вели дека создавала вештачки конфликти со соседите. По телевизиски настапи, Филипче, освен што потврдува дека е подготвен да исполнува агенди на туѓи земји, продава и приказни за Европа и вели дека уставните измени би ги потпишал веднаш, без гаранција за Македонија дека ова е последна пречка на евроинтегративниот пат.

Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, Францускиот предлог се печатот на влаадеењето на СДС, со што создадоа преседан и ја направија Македонија да биде мета на уцени, блокади и билатерални спорови. А Филипче и сега од позиција на опозиција, продолжува да тврди дека тоа биле успеси. По Заев и Ковачевски, Филипче е третиот во низата од СДС, кој е подготвен да прави национални отстапки, затоа што единствена константа во СДС е борбата за власт, а во моментов со Филипче и за опстанок. Додека од Бихаќка ја продаваат приказната за европска ориентација, паралелно се обидуваат да ги контролираат критиките на нивните социјалните мрежи, и да создадат некој впечаток дека нивниот ‘проевропски наратив’ е конзистентен со нивните постапки. 

Од друга страна одржуваат и проруски релации. Тука се примерите со Онишченко, на кого Заев и Филипче му дадоа македонско државјанство, Борче Марковски, почесен конзул на Белорусија во земјава, земја блиска до руската политика, кој доби 77 тендери од владата на СДС, како и Миодраг Давидовиќ Дака, за кој еден ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваа ДУП во Тетово за проект во вредност од 200 милиони евра.

Филипче се продава и на домашна и на меѓународна сцена, по телевизиски настапи се однесува како да седнал во премиерска фотелја , а не како да е опозиција и пред исчезнување од политиката, и како само тој да е единствениот, кој го знае патот до ЕУ, додека СДС секој ден губи гласови, за што една од причините е и релативизирање на македонскиот идентитет како и предавничките политики, и со ова темпо, за брзо време, ќе стане маргинализирана партија, посочува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top