Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: И Фрчкоски се опари од Еразмус+

Што одработил за СДСМ за 200.000 евра кои, наместо кај младите, завршиле кај него, прашуваат од владејачката партија

На СДС институциите им служеле само за личен профит на поединци, а таков е и примерот со Еразмус+ со која раководеше кадарот на СДС, Лидија Димова, велат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Димова и Зоран Заев со пари од Еразмус+ си ги плаќаа послушните и подобните кои требало да им завршат некоја работа или пак јавно да ги бранат.

Покрај што со пари од агенцијата, преку Лазар Нанев, Заев си ја купуваше слободата исто така си ги плаќаше и неговите идеолози и јавни поддржувачи.

Имено, преку истоимената агенција чиишто финансиски средства се наменети за образовни програми, Заев и Димова доделиле 200 илјади евра на идеологот Фрчкоски.

Наместо за образовни програми за младите, парите завршиле за проект на кој што конкурирал Фрчкоски. А каде е сега тој и какви образовни програми и проекти реализирал за младите, никој не знае“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека „секако затоа што тие пари не се земени за проекти за младите, туку тие, најверојатно, се исплата за тоа што Фрчкоски одработувал и уште одработува за СДС.

Тој со години е најгласен, кога по нарачка на СДС, треба да се нападне, шиканира или извреѓа некој нивен неистомисленик.

Тој е протеже преку кого СДС ги изнесува на површина работите кои ги мисли, а не сака јавно да ги кажува.

Тоа е начинот на работа на СДС и начин на кој ја користел Еразмус +. За одработување на партиски цели и интереси биле плаќани судии, професори и некакви така наречени експерти.

На површина излегуваат сите работи кои ги правеле СДС, Заев и Димова и како ги користеле институциите и нивните финансии за плаќање на нивни поддржувачи и штитеници“, се вели во партиското соопштение.

Најнови вести од: Македонија

За лажна работна виза за Германија тетовка му платила 3 илјади евра на сограѓанин, потоа „испарил“!

Во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријави дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.

ТВ Телма дојде до видео-снимки на можниот сериски убиец и силувач од Старо Нагоричане! Се истражува смртта на пет жени! (Видео)

Телевизија Телма дојде до снимки, кои се од камери на една од куќите, каде што се гледа осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане. Видеото трае две минути, а на него се појавува крупен маж со подолга јакна и качулка на главата, кој се обидува да ја отвори вратата на куќата. Но таа е заклучена. Според изворите на Телма, се работи за дом кој се наоѓа блиску до местото познато како Коински мост, а во куќата живеела сама повозрасна жена.

Соработка на „Макпетрол“ и МОН – нов прирачник против врсничко насилство за училиштата

Како дел од својата општествено одговорна кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, „Макпетрол“ издаде нов прирачник за препознавање и справување со врсничкото насилство

Средба Перински – Варнс: Стратегиското партнерство со САД е врвен приоритет

Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс. Потврдена е заедничката посветеност за натамошно унапредување на стратегиското партнерство меѓу двете држави

Груби на распит во обвинителството – се товари за криминал „тежок“ 8 милиони евра

Артан Груби, осомничен за проневера во „Државната лотарија“, кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, веќе е спроведен на распит во Обвинителството.

Петрушевски: Време е Артан Груби да се соочи со правдата (ВИДЕО)

Криминалот на бегалецот од правдата Груби, достигна вредност од минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а има индиции дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, пари украдени од граѓаните

Најнови вести

To top