Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не исполни ни едно ветување, а пак е кандидат за градоначалник

Тој е човек којшто ги излажа карпошани и кој не реализираше ниту еден проект, како по примерот на Заев и Филипче, се што Јакимовски предизборно вети, се излажа

Стевчо Јакимовски е кандидат на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев за градоначалник на општина Карпош.

Тој е човек којшто ги излажа карпошани и кој не реализираше ниту еден проект. Како по примерот на Заев и Филипче, се што Јакимовски предизборно вети, се излажа, велат од ВМРо-ДПМНЕ.

„Едни од граѓани измамени од Јакимовски, се жителите на Лептокарија на кои предизборно им вети подземни гаражи и фонтана, а за четири години натрупа само ѓубре на паркингот стар децении.

Кандидатот на СДС, Филипче и Заев, Јакимовски во 2021 година лажеше дека ќе биде изграден подземен паркинг и дека сите возила ќе одат во подземно паркирање, а горе ќе има еден прекрасен плоштад со најубавата фонтана во Република Македонија.

Се испадна чиста лага, ниту подземен паркинг направи, ниту пак ја направи најубавата фонтана во Македонија, на ветените локации граѓаните сведочат само за купишта ѓубре.

Нема ништо од планот од 4 милиони евра за Лептокарија, кој кандидатот на СДС, Заев и Филипче го вети во 2021 година, ниту пак фасадите на зградите се смените.

За зградите во Лептокарија тој ветуваше дека ќе добијат нови убави фасади и целата оваа област ќе биде убаво хортикултурно аранжирана. Но, по четири години фасадите на зградите се истите стари фасади од пред 20, 30 години.

Од новите фасади, остана само видеото на кандидатот на СДС, Филипче и Заев, Стевчо Јакимовски на кое ги ветува неговите шарени лаги.

Кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски ги излажа жителите на Лептокарија, за населбата не направи ништо од тоа што вети во 2001 година. Лажеше тогаш, лаже и сега.

Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев нема капацитет, не смее и не треба да биде градоначалник.

Во Карпош дојдено е време за Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!- се вели во соопштението на СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: По жестоките и рафални критики кон Англија опозицијата сега ова го прави и кон САД! Очекувам набргу многу добри вести за граѓаните!

Ќе ве потсетам, не толку одамна, кога беа наметнати трговските тарифи од 35 проценти, истите тие опозициски перјаници, кои јас ги нареков талог на општеството во политиката, поитаа да го навредуваат нашиот стратешки партнер САД, а никаде ги немаше да се извинат кога се нивелира таа ставка на 15 проценти. Во оваа смисла јас би бил внимателен и трпелив и набргу очекувам многу добри вести за македонските граѓани – изјави премиерот Мицкоски.

Учениците се враќаат на настава на 20 јануари – надлежните со апел да нема отсуства

Министерката министерката за образование и наука апелира до родителите и до учениците да бидат редовни во училиштата и што е можно поретко да отсуствуваат, зашто, како што додаде, сите испитувања и во земјава и во светот покажуваат дека оние што редовно ја посетуваат наставата постигнуваат подобри резултати.

Важни вести за Македонија од Брисел: „Политико“ јавува за „планот за двостепена ЕУ“ и „отежнување на правото да се користи ветото“!

„ Новите предлози ќе понудат можност да се стане членка на ЕУ, но ќе се ограничат некои права за донесување одлуки – а можните членки се поделени. Земјите што чекаа со години да се приклучат кон ЕУ се поделени околу плановите, што се изготвуваат во Брисел, за да им се дозволи да станат членки без вообичаеното полноправно право на глас. Меѓу малкуте земји во Источна Европа и Западен Балкан, кои се во ред за пристапување кон блокот, се појавува поделба околу условите поврзани со нивните апликации. Некои инсистираат дека треба да ги добијат сите придобивки од блокот, додека други се среќни само што се на масата.“ – објави денес аналитичкиот магазин за европски прашања „Политико“ од Брисел за моментните расправи, кои се водат во Брисел за планот за „двостепена ЕУ“, што може да има соодветно значење за евроинтеграцијата на Македонија.

To top