Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Признаваат и СДС и Димовски дека Мицкоски бил следен и прислушуван во време на избори! Мора да има казни за овој скандал!

„Наместо да се грижат за безбедноста и да го штитат интегритетот на државата и граѓаните, Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање биле злоупотребувани по налог на Зоран Заев за политичка борба на СДС против ВМРО ДПМНЕ, а главен извршител бил Виктор Димовски.“ – обвинува ВМРО ДПМНЕ.

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушкуван претседателот Мицкоски. Овој скандал на злоупотреба на безбедносните служби во политички цели, не смее да остане неказнет!“ – нагласува владејачката партија во своето соопштение денес.

Натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува: Добива се поголеми размери скандалот со прислушувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, новинари и бизнисмени од страна на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање. Признаваат и СДС и поранешниот нивен директор на на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски дека имало следење и прислушување на неистомислениците, критички кон нив настроените новинари, јавни личности.

 Откако СДС потврди дека имало прислушување, во обид да се извлече од целата ситуација Димовски призна дека во период на изборни циклуси во државата процениле дека било неопходно да се следи ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Мицкоски, како тогашна опозиција. Која безбедносна закана би биле партиските активности на партијата во пресрет на тогаш локални и парламентарни избори, освен тоа СДС да си замине од власт?

Ова нивно признавање за петгодишното следење и прислушување на претседателот Мицкоски значи дека не само тој, туку и неговото семејство биле предмет на следење на тајните служби. Овие безбедносни служби, наместо да се грижат за безбедноста и да го штитат интегритетот на државата и граѓаните, биле маша за политичка борба и притисок на СДС, а главен извршител бил Виктор Димовски.

Виктор Димовски многу добро знае што правел, и какви кривично правни последици има тоа и токму затоа треба јавно да признае што и по чија наредба од врвот на политиката правел. Ова следење и прислушување не би било можно без директна дозвола од Зоран Заев, затоа што во целиот систем бил вклучен и Љупчо Коцевски од ЈО, кого подоцна токму СДС го избира за државен јавен обвинител, како и Врховниот суд.

Овој скандал на злоупотреба на безбедносните служби во политички цели, не смее да остане неказнет: одговорност мора да има, за да не се повтори никогаш. – пораќува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top