Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Проблемот е криминалот на Филипче и на Заев, што ја доведе СДС на толку ниски гранки, а не медиумите

„Филипче треба да знае дека проблемот не се медиумите, ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку неговиот и криминалот на Заев кои ја доведоа СДС на толку ниски гранки. Очигледно портпаролката Боданка Кузеска кога е на зимување, ја заменува Венко Филипче. Од пресот на Филипче може да се заклучи дека СДС е партија на многу интриги и проблеми.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија порачува: На Филипче, крив му е народот и секој што мисли дека е криминалец, само не се тој и Заев, кои што правеле криминал заради што секој мисли дека се криминалци. Венко Филипче треба да знае дека проблемот не е во медиумите, новинарите, бизнис заедницата, синдикатите кои ги злоупотребува, ниту во ВМРО-ДПМНЕ, туку проблемот на СДС е криминалот, корупцијата и нечесните политики на Венко Филипче и менторот Заев, кои ја доведоа СДС на вака ниски гранки.

Жална е епизодата кога лидер на некогаш големата СДС, ќе го гледате како се жали како тетка на чешма, за тешката судбина во која тој и менторот од Дубаи, Зоран Заев, сами се доведоа. Кога одговорите на дилемите ќе ги побара во своите редови, тогаш ќе ја сфати и сериозноста на проблемите. Досега го јадеа шлагот на тендерите, бизнисите на Вицето, зделките и куферчињата на Заев, зделките и профитите од модуларната болница, хациендите кои си ги градеа, проблемот е што стигнаа сега до фекалиите кои се излеаа врз СДС и народот сето тоа го гледа.

Од тој аспект Венко Филипче е штетен за државата и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш се водела од државните и национални интереси. Наместо факти, Филипче глуми жртва и плаче за „медиумски октоподи“. Тие „октоподи“ седум години му служеа на СДС како портпароли, додека се пљачкаше државата. Денес, кога никој не му ги прикрива лагите, одеднаш сите му се виновни: медиуми, новинари, институции, па дури и реалноста.

Филипче колку повеќе зборува, толку појасно е дека нема ниту факти, ниту политика. Има само паника и обид со врева да се покрие празнината. – нагласува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: Сивата економија ќе се сузбива преку засилена фискализација

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

To top