Вчера генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки доделил со плакети за сите што ја вршеле функцијата ,,Генсек” односно биле генерални секретари од основањето на партијата.
,,Денес имав чест да бидам во друштво на луѓето кои со својата посветеност, труд и љубов кон организацијата оставиле длабока трага.
Им доделив плакети за благодарност на поранешните генерални секретари на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски, Војо Михајловски, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Емил Димитриев и Ѓорѓија Сајкоски како признание за нивниот значаен придонес и долгогодишен ангажман.
Остануваме обединети, заедно со искуството и енергијата што ја носиме.
Средбата претставува значаен момент на заедништво, искуство и континуитет. Во време кога предизвиците се сериозни, ваквите средби се потсетник дека силата на една организација лежи во нејзините луѓе, вредности и историја.
Размената на мислења, идеи и искуства меѓу луѓето кои ја граделе партијата низ годините е од непроценливо значење за идните чекори. Единството и посветеноста кон заедничката цел остануваат приоритет”, објави Ковачки кој открива дека на средба била изразена јасна и недвосмислена поддршка за претседателот Христијан Мицкоски ,,како креатор и двигател на сегашните и идните политики и развој на татковината Македонија”.
ВМРО-ДПМНЕ од основањето имало 9 генерални секретари



Од име на добитниците се заблагодари екс генсекот Ѓорѓија Сајкоски.

,,Изразувам искрена благодарност до генералниот секретар Драган Ковачки за укажаната чест, поканата и доделените благодарници. Овој гест претставува силна мотивација и признание за посветеноста и вложениот труд.
Воедно, упатувам почит кон сите досегашни генерални секретари кои низ годините останале доследни на идеологијата и придонесле во градењето и зајакнувањето на ВМРО-ДПМНЕ.
Таквата континуирана посветеност е темел врз кој се гради иднината”, објави Сајкоски.