Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на јавни обвинители застана во одбрана на Абази и Коларевиќ за случајот „Мазут“

Советот на јавни обвинители на чие чело е Башким Бесими, стана штит на криминалот тежок 167 милиони евра за случајот „Мазут’’

 

Советот на јавни обвинители, предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот висок функционер на ДУИ, Фатмир Бесими, наместо да биде чувар на правдата, стана заштитник на политичко-криминалните структури на СДС и ДУИ, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо темелна истрага за скандалот „Мазут“ тежок 167 милиони евра, случај кој е еден од најголемите финансиски криминали во Македонија, јавноста гледа како Башким Бесими кој е на чело на Советот на јавни обвинители застана во одбрана на обвинителите Абази и Коларевиќ, кои со своето постапување станаа синоним на селективна правда и политичка послушност.

И покрај сите индиции и сомнежи за перење пари, местење тендери, злоупотреба на институции и труење на народот преку сомнителен мазут, обвинителската коалиција на Абази и Коларевиќ не виде ништо.

Коалицијата Абази и Коларевиќ не ги виде ниту извештаите на ДЗР, не ги видоа доказите на МВР, не ги слушнаа сведоштвата за однапред договарани тендери, велат од владејачката партија.

Оттаму додаваат дека „„оалацијата Абази и Коларевиќ “заштитници на коалицијата СДС и ДУИ единствено што видоа беше потребата да ги заштитат луѓето блиски до СДС и ДУИ.

„Со ваквото однесување, Советот на јавни обвинители на чие чело е Башким Бесими праќа јасна порака дека во Македонија не се гони криминалот, туку се амнестира ако сторителите се блиски до СДС и ДУИ.

Башким Бесими заедно со обвинителската коалиција Абази и Коларевиќ прават директен удар врз правната држава. Наместо независни обвинители, Абази и Коларевиќ се партиски извршители кои работат по диктат на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче.

Бараме итна оставка од Абази и целосна ревизија на случајот „Мазут“. Бараме независна и неселективна истрага за сите инволвирани, без разлика на нивната партиска или бизнис поврзаност.

Епски криминал од 167 милиони евра не смее да биде затрупан под тепих само затоа што трагите водат до врвот на СДС и ДУИ“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top