Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур

Манасиевски порача дека специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче треба да му пренесе на новиот бугарски премиер Румен Радев дека Македонија „нема да се помести ниту милиметар“ додека не се исполнат обврските.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, порача дека партијата и Владата нема да прифатат нови отстапки во евроинтегративниот процес без јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија.

На прес-конференција, Манасиевски истакна дека прво мора да се имплементираат пресудите од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а потоа да се разговара за следните чекори.

„Овој пат уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции во форма на заклучоци од ЕУ – нема да има“, рече тој.

Тој оцени дека државата во минатото платила „прескапа цена“ поради политиките на претходната власт и дека актуелната Влада нема да дозволи повторно разочарување на граѓаните.

Манасиевски порача дека специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче треба да му пренесе на новиот бугарски премиер Румен Радев дека Македонија „нема да се помести ниту милиметар“ додека не се исполнат обврските.

„Нема повторно да се прават отстапки без гаранции, без заштита на националните интереси и без сигурност дека тие отстапки навистина ќе значат напредок во евроинтегративниот процес“, заклучи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top