Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Жерновски успеа само да биде измеќар на двоецот Филипче-Заев, на промашениот лидер, чија пудлица избира да биде!

„Тоа што еден предавник и корумпиран политичар може како зло да го нанесе на својата држава, не можат потоа 1000 чесни, добронамерни и паметни да го исправат.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Натаму владејачката македонска партија наведува: Што се однесува до Жерновски и неговите површни напади, кој е 30 години во политиката и по ништо квалитетно и добро не го памти народ, освен што сега во негов стил одбира да е измеќар на двоецот Филипче Заев, и чиј дедо бил бугарски кмет и ја разбираме неговата предиспозиција за предавства и затоа темите за припадност и идентитет му се туѓи, би констатирале дека не постои глупост и промашај на лидер чија пудлица тој избира да биде во одреден момент што не може да го оправда и да му даде романтична и исправна димензија, зашто тоа всушност е како овој арогантен политичар функционира цел живот. Со менување ставови, партии, мислења, љубов кон лидери.

Ќе почекаме да му пројде љубовта кон двоецот Заев Филипче и кон СДС, и тогаш можеби ќе се префрли во друга партија или ќе докажува лојалност кон друг лидер, ќе кажува нешто сосема трето, но убедени сме дека ни тогаш нема да сфати дека не постои цена која може да оправда предавство, посочува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

Лекарите на хартија дежураат без пауза, а за пациентите нема термин ни за лек, можно ли е?!

Министерството за здравство со строги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел обезбедување ефикасна работа и транспарентност. Министерот Азир Алиу најави воведување нов систем за евиденција на работното време преку отпечаток од прст и нагласи дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

To top