Македонија

Внукот на Никола Карев: Боли што дедо ми бил избришан од химната

Трајко Карев внук на Никола Карев, во интервју за МИА вели дека најголемата болка е што неговиот дедо е избришан од химната, за што до ден денешен не добил одговор од историчарите која е причината за бришењето.

„Цел живот ги слушав приказните од дедо ми Петруш …Знам сѐ за Илинденското востание, за дедо ми – Никола Карев – претседателот на Крушевската Република. Живо се сеќавам и на пренесувањето на неговите останки во 1953 година во Македониумот, вели 78-годишниот внукот на претседателот на Кружевската република.

Откако од осум години останал сирак, Трајко постојано бил со својот дедо Петруш.

„ Седум години, дење и ноќе, бев со дедо ми Петруш, најстариот брат на Никола Карев. И сите приказни ми ги раскажуваше, а јас желно ги слушав и ги чував во себе. Дедо ми Петруш беше жив илинденец. Секој втор ден бевме „на терен“. Ми покажуваше места, локалции, како било за време на Илинденското востание. Дедо ми Петруш живееше 95 години. Живееше до 1963 година кога јас имав 14 години. Го паметам, секој ден носеше бастун во десната рака, а со левата ме држеше мене за рака, раскажува Трајко Карев, токму наспроти споменикот на неговиот славен дедо, Никола Карев.

„Тоа се времињата. Ама во Крушево имаме почит. Секој ден ме поздравуваат крушевчани, разговараме и низ кафе пак ги враќаме сеќавањата. Крушево не може без илинденските сеќавања. Ниту ние без херојско Крушево“,  вели тој во разговор за МИА

Трајко споменува дека Никола Карев и Христо Узунов биле против предвременото востание на Смилевскиот конгрес. Но, ги надгласале. Сепак, почнал да ги подготвува сите села за востанието. Ги организирал со писма.

„ Ноќта на 1 август, на полноќ, организира да ја нападнат касарната во Крушево додека бијат камбаните. Но, сето почнало 15 минути пред полноќ“, вели Трајко Карев.

Никола бил целосно предаден на Републиката. И предвидел кога ќе се одмаздат Турците. Затоа Штабот распределил 22 товари брашно и три товари сол скриени на местото викано „Павле чешма“. За да не страда населението.

 

Најнови вести од: Македонија

Бебе почина в болница – телото дадено на обдукција

Министерството за здравство соопшти дека наложило Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче. Од болницата денеска соопштија дека бебето со иницијали У. М., на возраст од два месеца, кај нив било примено поради обилно повраќање по хранење.

Кои телевизии го прекршиле изборниот молк на повторените локални избори?!

Се огласи АВМУ со официјална потврда дека четири национални медиуми ги прекршиле законските одредби за време на изборниот молк за повторените локални избори. Прекршувањата се случиле на 10 јануари, ден пред гласањето во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

(Фото): Министерството за одбрана ги објави сумите – Колкави се платите на војниците?!

Според податоците на МО, просечната основна плата на еден професионален војник изнесува 35.700 денари, додека на полковник е околу 70.200 денари. На овие суми се додаваат дополнителни 23.000 денари за закупнина, храна и превоз, како и додатоци за дежурства и ноќна работа.

Дали пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести?!

Институтот ги повикува работодавачите, особено во угостителството, да ја поддржат примената на законот како мерка за безбедност при работа, а не како „казна“; работниците да го препознаат правото на чист воздух како дел од правото на безбедно работно место; инспекциските и надлежните органи да обезбедат доследна примена, затоа што само така законот ќе ја исполни својата цел.

Аларм: Речиси секој втор Македонец пуши цигари, односно околу 45% од населението

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, истакна дека секој закон кој е во насока на заштита на добросостојбата на граѓаните заслужува поддршка. Повод за неговите изјави беше прашањето дали се планира состанок со претставниците на угостителската дејност во врска со најавениот закон против пушење.

To top