Македонија

Во акција на полицијата и ОЈО 40 тони марихуана запленети во складишта! – Мицкоски: Катастрофално наследство од претходната власт!

Околу 40 тони марихуана се запленети во голема полициска акција што се реализираше вчера, според извори блиски до истрагата. Владата го потврди сериозниот карактер на случајот. Премиерот во телевизиско интервју изјави дека јавноста ќе биде шокирана од бројките и дека десетици тони дрога незаконски биле пуштени во промет или сокриени во македонските складишта. „Одговорност ќе има за ваквите злоупотреби и криминални дејствија“, порача премиерот. Тој го оцени случајот како „катастрофално наследство“ од економските политики на претходната власт.

Дел од заплената, околу десетина тони, беше пронајдена во складот на фирмата Алфафарм Груп ДОО Скопје, сместен во кругот на поранешната фабрика ОХИС. Од таму, конвој од околу 20 возила изнесе запленетата дрога.

Според изворите на Сител, во струмичката акција се запленети повеќе од 30 тони марихуана во друг правен субјект кој се занимавал со производство и складирање на медицински канабис. Засега нема официјални бројки или информации за евентуални приведувања од Министерството за внатрешни работи или Основното јавно обвинителство (ОЈО), кое отвори истрага по скандалот со 5 тони марихуана пронајдени во Србија во камион со македонски регистарски таблички.

Меѓу осомничените е и основачот и сопственикот на Алфафарм груп, кој веќе беше приведен во Србија како дел од група од четворица осомничени, кај кои беше откриена количина од 5 тони марихуана во околината на Крушевац. Фирмата е основана во 2023 година во Македонија, а во април 2024 добила лиценца за производство на медицински канабис. Министерот за здравство истакна дека сите фирми кои добиле лиценца за одгледување медицински канабис редовно и вонредно се контролираат, а секои три месеци мора да ги известуваат надлежните за својата работа. „Имаме и годишен план на контроли, но вршиме и ад хок инспекции“, рече министерот, без да го коментира конкретниот случај. 

Од стапувањето на сила на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци до февруари 2026, за одгледување канабис се издадени одобренија на 61 правно лице, а во Македонија моментално функционираат 43 фирми кои легално произведуваат медицински канабис.

Плус инфо

Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Визер“ ги запира сите летови кон Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија

Од авиокомпанијата додаваат дека патниците ќе бидат навремено информирани за сите очекувани промени. Патниците кои ги резервирале своите билети преку трети страни треба директно да се обратат до агенциите или платформите преку кои ја извршиле резервацијата.

Општините во фокус: Перински повика на партнерска соработка преку Ресурсниот центар

Иако локалната власт е самостојна и има сопствени изворни надлежности и одговорности, преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме концепт за синергија на сите расположливи ресурси во државата кои ќе бидат ставени во функција на општините, истакна министерот Перински.

ИНА: Ако продолжи одбивањето на сосопственоста на Албанците врз државата, тие ќе се радикализираат, ќе бараат целосна автономија и ќе се исцртаат границите!

„Ако македонската политичка елита продолжи да го игнорира албанскиот јазик и да отфрла дека и Албанците се сосопственици на оваа држава, тогаш таквото одбивање неодбежно ќе доведе нѐ до поделба, до радикализација на албанските барања и до нивно барање за целосна автономија со исцртани граници.“ – наведува информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ во својот уреднички коментар со наслов „Отфрлањето на албанскиот јазик од страна на Македонците: Тивкото самоубиство на државата, која одбива сосопственост“.

To top