Македонија

Во близина на Неа Каликратија се удави 75-годишна жена од Македонија

Македонската државјанка била извлечена од морето и со Брза помош однесена во Неа Мудања, кадешто само е констатирана смртта

Државјанка на Македонија на возраст од 75 години се удави во близина на Неа Каликратија, на првиот крак од грчкиот полуостров Халкидики.

Откако била извлечена од морето, со Брза помош била префрлена во болница во Неа Мудања, кадешто лекарите само констатирале смрт.

Второто пристанишно одделение во Неа Мудања при Централната пристанишна управа во Солун покрена предистражна постапка за утврдување на причините за немилиот настан.

Телото на жената е дадено за обдукција во Службата за судска медицина во Солун.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top