Македонија

Во ек на најголемата антинарко акција во Македонија СДСМ пушти нарко корисник на интервју (ВИДЕО)

Во ек на најголемата антинарко акција во Македонија СДСМ пушти нарко корисник на интервју

Чудна одлука на Социјалдемократскиот сојуз во моменти кога владата на ВМРО-ДПМНЕ удри по ,,марихуанската мафија”.

Во ек на најголемата нарко акција во Македонија кога владата на Христијан Мицкоски удри по бизнис вреден стотици милиони евра, СДСМ пушти нарко корисник на интервју.

Иако дрогата која беше фатена вчера и завчера низ Македонија индиректно се поврзува токму со СДСМ затоа што лиценците за плантажите за марихуана без издавани за време на владата на Заев и Филипче, Бихаќка одлучила денеска на интервју во Радио 77 да оди токму јавно познат корисник на тешка дрога.

Во име на СДСМ во ,,Стадион” на Столе Наумов зборува Јон Фрчкоски, син на екс министерот Љубомир Фрчкоски кој беше фатен на видео како шмрка кокаин.

Зошто СДСМ одлучила кога цела држава зборува за скандалот со 40 тони марихуана партијата на интервју да ја претставува токму документиран корисник на дрога, засега не е јасно.

Во видео објавено на социјалните мрежи Јон Фрчкоски шмрка кокаин од својата работна маса во Јавното претпријатие за јавен и деловен простор каде беше директор.

Најнови вести од: Македонија

Стоп за деца и малолетници на социјалните мрежи

Според анкета на  Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопјеоддржуваат  дури 78% од  граѓанитете поддржуваат забрана за пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

To top