Македонија

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Околу 17,3 милиони лица во Германија живееле во едночлени домаќинства. Во споредба со 2005 година, кога такви биле 14,2 милиони луѓе, овој број значително се зголемил. Најголем дел од лицата кои живеат сами се постари граѓани. Кај лицата над 65 години, повеќе од една третина, односно 34,4 проценти, живеат сами, додека кај оние постари од 85 години таков е секој втор жител или 55,8 проценти.

Бројот на лицата кои живеат сами во Германија расте пропорционално со големината на населеното место. Во градовите со повеќе од 100.000 жители, нивниот удел изнесува 25,9 проценти, додека во општините со помалку од 20.000 жители е 17,2 проценти. Просекот на лицата што живеат сами во ЕУ е 16,5 проценти, но разликите меѓу земјите се значителни.

Поголем удел отколку во Германија има во Литванија со 31,4 проценти, Финска со 25,8 проценти, Данска со 24,3 проценти, како и во Естонија и во Шведска, каде што уделот изнесува по 22 проценти. На спротивниот крај на листата се Словачка со три проценти, Ирска со 8,1 процент и Полска со 9,2 проценти.

Иако лицата што живеат сами сочинуваат околу една петтина од германското население, нивниот удел во вкупниот број домаќинства е значително поголем. Од вкупно 41,1 милион домаќинства во Германија, дури 42,1 процент минатата година биле едночлени.

Најнови вести од: Македонија

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации.

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за Македонија, кој се самоуби, за да не им падне жив во раце на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). Денешната 106-та годишнина од неговото раѓање е повод за ново навраќање кон животот и револуционерната борба на овој Македонец, кој го положи својот млад и неодживеан живот во темелите на денешната македонска држава и слобода.

Стојаноски: Закон да се претворат во редовен работен однос на неопределено време договорите на луѓето, кои работат чесно со години

Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ го претстави Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос.

По 20 години нова биста на народниот херој Стив Наумов пред студентскиот дом во Скопје, кој го носи неговото име

Еден месец по отворањето на темелно реновираните објекти, во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска Автокоманда поставена е и биста на народниот херој по кого е именуван домот, речиси две децении откога е украдена претходната. Бистата официјално беше откриена денеска во присуство на претставници од Сојузот на борци од НОВ, кои положија цвеќе пред споменикот на Стефан Стив Наумов (1920 – 1942), роден на денешен ден пред 106 години.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови

Најнови вести

To top