Македонија

Во градинка одат помалку од половина од децата во Македонија на возраст до шест години!

„Иако предучилишното образование е важно за раниот развој на децата, во Македонија помалку од половина од најмладите се опфатени со него. УНИЦЕФ предупредува дека до 2032 година треба да се обезбедат уште 19.000 места во градинките за да се достигне националната цел.“ – објави „Плус инфо“.

Натаму порталот пишува: Денес (20.11), на Светскиот ден на детето, Македонската берза симболично заѕвони за правата на најмладите, испраќајќи порака дека грижата за децата мора да биде дел од секоја важна општествена и економска одлука. УНИЦЕФ предупредува дека помалку од половина од децата до шест години во Македонија се опфатени со предучилишно образование, а особено се погодени оние што доаѓаат од семејства и заедници во неповолна положба.

На настанот „Ѕвониме за децата“, организиран од УНИЦЕФ и Македонската берза, претставници на институциите, граѓанскиот сектор и бизнис-заедницата разговараа за потребата од поголеми инвестиции во раниот детски развој, образованието и грижата за децата. Акцијата е дел од глобална иницијатива што ја истакнува одговорноста на компаниите и инвеститорите да ги земаат предвид детските права при носењето деловни одлуки.

За да се достигне националната цел од 65 проценти опфат на децата со предучилишно образование до 2032 година, потребно е да се обезбедат дополнителни 19.000 места во градинките. УНИЦЕФ посочува дека тоа бара континуирани јавни инвестиции, нови модели на финансирање и посилна соработка меѓу институциите и приватниот сектор. Притоа, не е доволно само да се зголеми бројот на места – услугите мора да бидат квалитетни, финансиски достапни и сеопфатни.

– Во услови кога бројот на деца се намалува, потенцијалот на секое дете е поважен од кога било – порача Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ. Таа нагласи дека вложувањето во најраните години носи придобивки не само за децата, туку и за семејствата, жените, компаниите и целото општество.

На настанот присуствуваа и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Тие ја истакнаа важноста од проширување на пристапот до квалитетно предучилишно згрижување и образование. Јаневска порача дека правата и потребите на децата треба да бидат дел од сите општествени одлуки, вклучително и деловните и инвестициските.

Поддршката за децата, според учесниците, не завршува со отворањето нови градинки. Важни се и политиките на работното место што им помагаат на родителите, одговорните деловни практики и создавањето средина во која секое дете ќе има можност да учи, да се развива и да го достигне својот потенцијал.

Настанот се одржа во „Дајмонд мол“ во Скопје, каде што беше поставена и инсталација на УНИЦЕФ во форма на занимална во градинка – симболичен потсетник дека секое дете треба да има свое место за игра, учење и растење. Во 10 часот, пред почетокот на берзанското тргување, децата и претставниците на организаторите заеднички го означија почетокот на иницијативата со заѕвонување на берзанското ѕвоно.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Кој ви даде право да нѐ убивате“ – порака од протестот против насилството и фемицидите во Скопје

Насилникот кој ја претепа девојката во Битола в среда излегува од притвор, кажа денеска мајката на девојката, Бети Ангеловска, на протестот пред зградата на Владата во Скопје, во организација на „Ниту една повеќе“.

Одржливиот туризам во фокусот на глобалната агенда: Турција ја предводеше дискусијата на COP31

Преку активностите во рамките на COP31, Министерството за култура и туризам на Турција и Турската агенција за промоција и развој на туризмот имаат цел дополнително да ја зајакнат меѓународната позиција на земјата како дестинација посветена на одржливиот туризам.

„Н.М.“: Компромис со Бугарија не може да се прави со идентитетски прашања! Уставните измени не ја затвораат вратата за нови вета и барања!

„Брисел врши нова форма со нов лик за притисок: генералниот директор за проширување и источно соседство во ЕК Герт Јан Копман е на иста линија со Софија!“ – се нагласува во анализата со наслов „Брисел со нова форма и нов лик за притисок“, која е објавена денеска во весникот „Нова Македонија“.

Николоски: Не е заборавено ниедно населено место! Над 100 милиони денари за инфраструктурата во Валандово, реконструкција и на патот Струмица -Валандово!

Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на Министерството за транспорт и околу 35 милиони денари преку двата повици за инфраструктурни проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при днешената посета на општината Валандово.

Дурмиши: Владата ќе разговара за ограничување на маржите на основните прехранбени производи, ако биде доставен предлог!

На владина седница ќе се разговара за евентуално воведување мерки во однос на цените на основните прехранбени производи доколку секторот што е надлежен за овој сегмент, достави таков предлог. Една од мерките би била ограничување на маржите, рече денеска министерот за економија, Бесар Дурмиши.

Најнови вести

To top