Македонија

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните точки во ТИТАН УСЈЕ

Дневни податоци од независниот систем за мониторинг се достапни на специјализираниот EKO портал за животна средина на ТИТАН Усје.

Дневни податоци од независниот систем за мониторинг се достапни на специјализираниот EKO портал за животна средина на ТИТАН Усје на следниот линк: https://eco.usje.mk/mk/ . На оваа платформа се поставени и детални информации за активностите на компанијата во областа на животната средина – инвестиции и иновации во работниот процес, мерки за поголема декарбонизација, управување со отпад, регулатива и информации поврзани со алтернативните горива, како и студии и други материјали и корисни линкови од областа.
• Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон
Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.
• Производството запира доколку филтрите не работат
Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.
• ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот
Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.
• Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина
• Кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа
ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.
• Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима. Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима. ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес. Контакт e-mail: contact@usje.mk

Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Кој ви даде право да нѐ убивате“ – порака од протестот против насилството и фемицидите во Скопје

Насилникот кој ја претепа девојката во Битола в среда излегува од притвор, кажа денеска мајката на девојката, Бети Ангеловска, на протестот пред зградата на Владата во Скопје, во организација на „Ниту една повеќе“.

Во градинка одат помалку од половина од децата во Македонија на возраст до шест години!

„Иако предучилишното образование е важно за раниот развој на децата, во Македонија помалку од половина од најмладите се опфатени со него. УНИЦЕФ предупредува дека до 2032 година треба да се обезбедат уште 19.000 места во градинките за да се достигне националната цел.“ – објави „Плус инфо“.

Одржливиот туризам во фокусот на глобалната агенда: Турција ја предводеше дискусијата на COP31

Преку активностите во рамките на COP31, Министерството за култура и туризам на Турција и Турската агенција за промоција и развој на туризмот имаат цел дополнително да ја зајакнат меѓународната позиција на земјата како дестинација посветена на одржливиот туризам.

„Н.М.“: Компромис со Бугарија не може да се прави со идентитетски прашања! Уставните измени не ја затвораат вратата за нови вета и барања!

„Брисел врши нова форма со нов лик за притисок: генералниот директор за проширување и источно соседство во ЕК Герт Јан Копман е на иста линија со Софија!“ – се нагласува во анализата со наслов „Брисел со нова форма и нов лик за притисок“, која е објавена денеска во весникот „Нова Македонија“.

Николоски: Не е заборавено ниедно населено место! Над 100 милиони денари за инфраструктурата во Валандово, реконструкција и на патот Струмица -Валандово!

Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на Министерството за транспорт и околу 35 милиони денари преку двата повици за инфраструктурни проекти, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при днешената посета на општината Валандово.

Дурмиши: Владата ќе разговара за ограничување на маржите на основните прехранбени производи, ако биде доставен предлог!

На владина седница ќе се разговара за евентуално воведување мерки во однос на цените на основните прехранбени производи доколку секторот што е надлежен за овој сегмент, достави таков предлог. Една од мерките би била ограничување на маржите, рече денеска министерот за економија, Бесар Дурмиши.

Најнови вести

To top