Македонија

Во изборна кампања Европскиот универзитет во Тирана го прогласи Али Ахмети како „Почесен доктор на науки“ за „придонесот кон правата на Албанците“!

Со оглед дека „високото научно признание“ содржи и израз „доктор на науки“, иако само почесен, штом е образложено дека лидерот на ДУИ и „Врховен командант на УЧК во 2001“ Али Ахмети го добива, поради „дадениот придонес за правата на Албанците“, прашање е само дали можеби „почесниот докторат на науки“ го заслужил за тоа што „воспоставил“ некаква „нова научна теорија“ како се пука од калашников, или за „научен придонес кон воената тактика и оператика во борбата со непријателите“ во државата, во која живеел и живее и натаму, во Република Македонија, а на која и натаму ѝ се заканува со можна дестабилизација?!

Во првите денови од изборната кампања, Европскиот универзитет во Тирана му ја додели на Али Ахмети титулата „Почесен доктор на науки“.

Во официјалното соопштение на Универзитетот се наведува дека мотивацијата за ова одликување е поврзана со придонесот на Ахмети за Албанците. „Оваа награда е тесно поврзана со нашето заедничко патување за обезбедување на правата на Албанците, градење мир и напредок кон евроатлантската интеграција на С. Македонија.“ – рече Али Ахмети, претседател на ДУИ. Ова го објави ТВ Алсат.

Натаму телевизијата наведува: Координаторот на пратеничката група на Вреди Беким Ќоку реагираше на наградата. Тој нагласува дека веќе стана закон секогаш кога наближуваат избори на Ахмети да му се даде некоја почесна награда. „Но, за што се чествува Ахмети? Токму во време кога се соочува со сериозни обвинувања за соработка со режимот на српскиот претседател Вучиќ преку продажба на банкарските акции на неговото семејство на луѓе, блиски до Вучиќ; за сериозни прекршувања во партијата, каде што половина од раководството САД ги прогласиле како „непожелни личности“ („персони нон грата“), вклучувајќи ја и десната рака на Ахмети Артан Груби, кој моментно е во бегство со меѓународна потерница, но кој за Ахмети е едноставно „некаде во албанскиот простор“. Тој никогаш не се дистанцирал од Груби, ниту од ниту еден од неговите партиски колеги- „непожелни личности.“ – нагласува Беким Ќоку во својата реакција.

Ова не е првото одликување, или полесно признание, што Ахмети го добива на прагот на една изборна кампања, или во текот на изборна кампања. На изборите во мај 2024 година Ахмети го критикуваше Албин Курти дека се меша во изборите во Македонија, а потоа беше поканет во Тирана да биде прогласен како „Почесен граѓанин“ среде изборната кампања. Тогашниот градоначалник на Тирана Ерион Велиај лично ја предаде наградата, а говор одржа и премиерот Еди Рама. Неколку седмици пред овој настан Ахмети беше прогласен и како „почесен граѓанин“ на општина Призрен. Во декември 2016 година, на првиот ден од парламентарната изборна кампања, во центарот на Скопјe Ахмети беше одликуван од тогашниот претседател на Косово Хашим Тачи, под оправдување дека ова е поврзано со 108-годишнината од воспоставувањето на албанската азбука.

 

Најнови вести од: Македонија

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top