Македонија

Во Кочани ќе се гради спомен-обележје „Патека на бесконечноста за 63-те ангели“

Стигна одлуката

Родителите од Кочани информираат дека ја добиле одлуката за спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, посветено на 63-те ангели.

Како што велат, советот на Општина Кочани, на седницата одржана на 30 јануари 2026 година, донесе официјална Одлука за изведување на спомен-обележјето под името „Патека на бесконечноста за 63-те ангели“.

Овој проект е посветен на жртвите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Според усвоената документација, спомен-обележјето ќе се простира на вкупна површина од 1.053 квадратни метри. Локацијата е прецизирана на дел од катастарската парцела бр. 12179 КО Кочани, сместена помеѓу улиците „Кеј на револуцијата“ и „Браќа Ставреви“. Проектот предвидува максимална висина на обележјето до три метри.

„Ова за нас претставува голем и значаен чекор напред. Во наредниот период продолжуваме со обезбедување на останатите потребни документи, како и со финансиска поддршка од фирми и од физички лица, но и преку спортски и хуманитарни настани кои веќе се одржаа, како и оние кои во иднина ќе се одржуваат со исклучиво хуманитарна цел“, велат родителите.

Тие изразуваат огромна благодарност до Советот на Општина Кочани, како и до граѓаните на Општина Кочани, за нивната максимална поддршка, солидарност и човечност во овие тешки моменти.

„Се надеваме и веруваме дека „Патеката на бесконечноста“ ќе биде изградена во најкраток можен рок, како траен спомен, тивка болка и вечно сеќавање на оние кои прерано нè напуштија“, додаваат од таму.

Најнови вести од: Македонија

Милановиќ: Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен! – Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат ќе го избере!

Има живот и без ЕУ, кажа хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб, осврнувајќи се на долгогодишниот процес на пристапување на Македонија кон ЕУ. Тој додаде дека на Македонија ѝ се поставуваат премногу услови и барања. Сиљановска-Давкова е во официјална посета на Република Хрватска.

Кривична пријава за четворицата битолчани, кои му се закануваа на министерот Тошковски, ем и снимајќи ја таа нивна „забава“!

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа” и „поттикнување”.

Сиљановска-Давкова: Нема место за двојни стандарди во евроинтегрирањето, кое не смее да биде оптоварено со историски, јазични и идентитетски прашања!

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ. Двајцата претседатели одржаа „лице-в-лице“ средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација, кои во средиштето на вниманието ги ставија традиционално пријателските заемни односи. Со тоа започна дводневната официјална посета на Сиљановска-Давкова на Хрватска. На заедничката прес-конференција Сиљановска-Давкова истакна дека членството во Европската Унија останува една од стратешките определби на државата и се заблагодари за пријателскиот однос, поддршката и разбирањето од страна на Хрватска, како и за помошта во отворањето нови перспективи и можни решенија во процесот на европските интеграции.

Стручна расправа за предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт

Со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5000 m2, да се одвиваат преку Министерството за транспорт

Најнови вести

To top