Македонија

Во Македонија, во просек, подолго се живее, но опаѓа бројот на населението

Животниот век во Македонија се зголеми за една година и достигна 76,6 години, но позитивен прираст имало само во Скопскиот регион – најмногу во Сарај и Чаир

Во 2024 година се родиле 16.061 деца, а починале 20.201 лица, што значи намалување на населението за над 4.000 жители.

Позитивен прираст имало само во Скопскиот регион, најмногу во Сарај (+8,4) и Чаир (+5,5 на 1 000 жители). Најголем пад имало во Ново Село (-14,8) и Новаци (-13,7).

Бројот на бракови лани се намалил за 1.600, а разводите се зголемиле за 259. Најмногу разводи на 1,000 бракови имало во Вардарскиот, Источен и Југоисточен регион – над 200.

Ова го покажуваат податоците од „Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија 2025“, објавен од Државниот завод за статистика.

Просечниот очекуван животен век во земјава е зголемен за една година на 76,63 години, споредено со 75,32 во 2023 година. Подолговечни се жените со просек од 78,86 години, односно речиси четири ипол години повеќе од мажите чиј животен век е 74,48 години.

Во последните шест години, од 2019 година земјава има негативен природен прираст.

За една година во земјава се родиле 16.061 дете, а починале 20.201 лице, што е намалување од 4.140 лица.

Само за една година бројката на живородени деца е намалена за речиси 700, од 16.737 во 2023, на 16.061 во 2024 година.

По региони само во Скопскиот изминатата година имало позитивен природен прираст, а во сите останати негативен. Во четири региони – Пелагонискиот, Вардарскиот, Источен и Југоисточен негативниот прираст на 1.000 жители бил над 4, што е речиси двојно повеќе од просечниот на ниво на држава – 2,3. мкд.мк

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top