Македонија

Во сабота повеќе скопски населби ќе бидат без вода

Неколку скопски населби ќе се соочат со делумен прекин на водоснабдувањето во сабота, информира ЈП „Водовод и Канализација“–Скопје поради приклучувањето на нов магистрален водоводен цевковод, што е дел од поголем проект за унапредување на водоснабдителниот систем во главниот град. Без вода, од раните утрински часови, ќе бидат Визбегово, бул. „Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, […]

Неколку скопски населби ќе се соочат со делумен прекин на водоснабдувањето во сабота, информира ЈП „Водовод и Канализација“–Скопје поради приклучувањето на нов магистрален водоводен цевковод, што е дел од поголем проект за унапредување на водоснабдителниот систем во главниот град.

Без вода, од раните утрински часови, ќе бидат Визбегово, бул. „Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, високата зона на Железара и дел од Бутел 1.

„Работите ќе започнат точно на полноќ и се очекува да завршат во рок од 15 часа. Се работи за комплексна интервенција, која вклучува инсталација на игличест регулационен вентил и поврзување на два главни магистрални цевководи во Скопје,“ соопштија од претпријатието.

Со реализацијата на овој проект, се предвидува значително подобрување на притисокот на водата, намалување на загубите и обезбедување поквалитетно водоснабдување за жителите. Новата врска ќе овозможи создавање на циркуларен прстен кој ќе ја зголеми сигурноста на мрежата.

 

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев се повлекува од комисијата во Министерството за здраство поради застој во контролите за непотребни интервенции

Министерот за здравство не ја потврди причината за повлекувањето на Кедев и не даде коментар за наводите за застојот во контролите или за составот на комисијата.

ТИТАН Усје: Повеќе од еден месец сме цел на неосновани напади – не сме причина за загадувањето и фактите го потврдуваат тоа

Целосно неаргументирано и тенденциозно продолжува нападот кон нашата компанија. Овие напади, покрај тоа што не се базирани на аргументи, се и во насока на извртување на вистината. ТИТАН Усје како транспарента компанија, во интерес на вистината потенцира дека целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот, но тенденциозните и неаргументирани обвинувања не придонесуваат ниту малку […]

To top