Македонија

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче

Се изведе уште едно бебе пингвин од видот хамболт. Нашите пингвини Џонатан и Лила за само неколку дена станаа горди родители на второ младенче, информираа од Зоолошката градина

Ново бебе пингвин доби скопската Зоолошка градина. Информацијата денеска ја споделија од Зоолошката на нивната Фејсбук – страница.

– Викендов во Скопје ЗОО повторно имавме причина за радост, се изведе уште едно бебе пингвин од видот хамболт. Нашите пингвини Џонатан и Лила за само неколку дена станаа горди родители на второ младенче, информираа од Зоолошката градина.

Во објавата се појаснува дека на споделеното видео може да се види како мајката Лила ги храни бебињата.

– Таа јаде риба, ја џвака и така подготвената смеса им ја дава на малите, што е природен начин на исхрана кај пингвините. Скопје ЗОО продолжува да биде една од најуспешните зоолошки градини во регионот во размножувањето на загрозениот вид хамболт пингвини, додадоа од Зоолошката градина.

Фото и видео: Фејсбук – страница на Зоолошка градина – Скопје

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top