Македонија Свет

Водачот на најбројната бунтовничка група во Колумбија ФАРК повика на „обединување за борба против американска интервенција“

Водачот на најбројната бунтовничка група на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC), Нестор Грегорио Вера, во видео порака, повика на обединување на сите герилци во оваа латиноамериканска земја со цел „борба против американската интервенција“. „Сенката на интервенционистичкиот орел се надвива подеднакво над сите. Судбината нè повикува да се обединиме. Ние не сме раштркани сили, ние сме следбеници на истата цел. Да го покажеме нашето единство со дела и да создадеме голем блок со кој ќе го истиснеме непријателот од нашата татковина“, им порача Грегорио Вера на членовите на Националната ослободителна армија (ELN) и Боливарската герилска армија, групи кои се отцепија од FARC.

Колумбискиот министер за одбрана, Педро Санчез, го окарактеризира повикот на Вера до бунтовниците да се обединат како обид да се заштитат од заробување од страна на воените сили на земјата. Пред една седмица американските сили интервенираа во соседната Венецуела и го грабнаа нејзиниот претседател, Николас Мадуро под обвинувања за „наркотероризам“. По настаните во Венецуела, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со слично сценарио во Колумбија, што резултираше со најва за средба меѓу него и сегашниот колумбиски претседател, Густаво Петро, и самиот поранешен герилец, закажана за Вашингтон во февруари.

Колумбискиот министер за одбрана, Педро Санчез, го окарактеризира повикот на Вера до бунтовниците да се обединат како обид да се заштитат од заробување од страна на воените сили на земјата. Герилската група Армијата на националното ослободување (Ejército de Liberación Nacional – ELN) претходно американската воена интервенција во Венецуела ја опиша како „империјалистичка интервенција на САД во Венецуела под претседателот Доналд Трамп“. Преку соопштение насловено како „Солидарност со Венецуела“, ELN ги осуди настаните, наведувајќи дека тие „го кршат суверенитетот на земјата и ги загрозуваат животите на нејзиното население“.

Групата, исто така, го поддржа повикот на венецуелските власти да „се спротивстават на воената интервенција и да продолжат да го бранат наследството на Уго Чавез“, изразувајќи го своето единство во соочувањето со „империјалните планови против Венецуела и народите на Глобалниот Југ“. Ова не е првпат ELN да упатува вакви повици. Уште во декември 2025 година, герилската група, исто така, објави 72-часовен вооружен отпор за „спротиставување на американскиот империјализам и неговите закани кон Латинска Америка’. ELN, опишан од тинк-тенкот InSight Crime како последното преостанато востаничко движење и главниот вооружен чинител долж границата меѓу Колумбија и Венецуела, го прошири своето присуство во Венецуела од 1980-те, бидејќи непристапните венецуелски терени се користат како засолниште од колумбиските власти.

До 2024 година беше потврдено дека герилската група била присутна во најмалку 40 области во осум од 24-те држави на Венецуела. Според извештајот на Pares Foundation објавен на почетокот на 2025 година, ELN го консолидирал своето присуство во 231 општина во Колумбија.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија Свет

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

Николоски: Градиме денес, за да оставиме посилна држава за идните поколенија!

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

To top