Македонија

Водата во Гостивар можеби ќе може да се пие идната недела, но останува проблемот со недостигот

Директорот на ДЗС, Ангелов, оптимист за тековната мака на гостиварчани, но предупредува за предизсвикот потоа

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и шеф на владиниот Кризен штаб, Стојанче Ангелов, се надева дека наредната седмица Агенцијата за храна и ветеринарство ќе одобри водата од гостиварскиот водовод да се користи и за пиење, темелејќи го оптимизмот врз постепеното стабилизирање на состојбата.

„Бројот на бактерии е значително намален. Сепак, водата сè уште не е микробиолошки исправна за пиење и готвење. Доколку резултатите од анализите продолжат да бидат позитивни, водата најверојатно ќе може да се користи за пиење во текот на следната недела“, изјави тој во интервју за ТВ Канал 5, додавајќи дека во меѓувреме таа може да се користи само како техничка вода.

Но, ова не е единствениот проблем за гостиварачни поврзан со водата за пиење, бидејќи откога ќе се надмине загаденоста на ред ќе дојде недостигот.

„Нема доволно вода во системот, поради што неколку лица од Водовод несреќно поставиле цевки во отворена вода за дополнување на градскиот водовод“, објасни Ангелов, нагласувајќи дека лицата одговорни за тоа ќе бидат соодветно санкционирани.

 

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top